Филипинскиот сенатор, кој го надгледувал најнасилниот период од филипинската војна против дрогата, отфрлил случај поврзан со убиство на тригодишно девојче во полициска операција, нарекувајќи го случајот колатерална штета, изјавувајќи дека: „Срања се случуваат“.
Роналд Дела Роса, кој бил началник на полицијата која што работи за претседателот Родриго Дутерте, два месеци пред да биде избран за сенатор, застанал во одбрана на случајот со пукањето од страна на филипинската полиција за време на рација каде што загинало едно тригодишно девојче.
„Живееме во несовршен свет” – Дела Роса. „Дали полицаецот би сакал да пука во дете? Никогаш, затоа што и тие имаат деца исто така. Но, вакви срања се случуваат за време на операциите “. – Роса
Тригодишното девојче, по име Мика Улпина, била искористена како човечки штит од страна на нејзиниот татко, кој бил осомничен за продажба на дроги за време на полициска рација во провинцијата на истокот на главниот град Манила. Во операцијата биле убиени уште двајца осомничени дилери на дрога и еден прикриен полицаец.
Портпаролот на полицијата, Бернар Банац, исто така ги одбранил постапките на полицијата и рекол дека таткото на девојчето бил тој што прв вперил оружје во полицијата. „Тоа било несреќа и не можеме да помогнеме” – Банац. „Таткото ја користеше својата ќерка како човечки штит“.
Мајката на девојчето не се согласува со изјавите на полицијата поврзани со смртта на нејзината ќерка. Дваесет полицајци се суспендирани, а истрагата за овој случај е се уште во тек.
Улпина е една од најмладите жртви на насилното дејствување на политиките на Дутерте, врз дилерите на дрога на Филипините. Од 2016 година, полицијата на Дутерте има овластување за користење на оружје врз сите оние кои им делуваат сомнителни.
Официјалниот број на загинати во војната против дрогата на Филипини изнесува околу 5.000, вклучително и смртни случаеви на деца. Групите кои се залагаат за човековите права, велат дека многу од недокументираните убиства биле извршени од „екипи на смртта“ и неофицијална полиција.
Меѓународниот кривичен суд спроведува прелиминарни истраги за Дутерте, како би се утврдило дали неговата војна со дрога претставува злосторство против човештвото. Повеќе од десетина земји официјално го повикаа Советот за човекови права на Обединетите нации да отворат истрага за војната против дрогата на Филипините.
Портпаролот на Дутерте изјавил дека повиците за истрага се „сурово мешање“ на како што тој ги нарекува „странски пропагандисти“.
Извор