Новите податоци од Центрите за контрола и превенција на болести (CDC) покажуваат дека пријавените годишни случаи на сексуално преносливи инфекции (СПИ) во САД продолжиле да растат во 2019 година, достигнувајќи историски врв шеста година по ред. Мажите хомосексуалци и бисексуалци, афроамериканците и младите имале непропорционално високи стапки. И најновите бројки не го одразуваат влијанието на пандемијата КОВИД-19.
Според Анкетата за сексуално преносливи болести 2019, федералната агенција примила повеќе од 2,5 милиони извештаи за хламидија, гонореја и сифилис, трите најчести заразни СПИ. Ова претставува скоро 30% зголемување од 2015 година.
„Пред помалку од 20 години, стапката на гонореја во САД беше на историско ниво, сифилисот беше близу до елиминација, а напредокот во дијагностиката на хламидија го олесни откривањето на инфекциите“, Раул Ромагуера- ЦДЦ
“Тој напредок оттогаш се расплетува и нашата заштита од СПИ е намалена. Ние мора да дадеме приоритет и да ги насочиме нашите напори да го вратиме овој изгубен терен и да го контролираме ширењето на СПИ “.
Хламидија: Повеќе од 1,8 милиони случаи на хламидија се пријавени во 2019 година (552,8 случаи на 100 000 луѓе), што е раст од 3% од 2018 година и скоро 20% од 2015 година. Случаите се зголемиле и кај мажи и кај жени, во сите расни/етнички групи и во сите региони на земјата. Скоро две третини од случаите биле кај адолесценти и млади возрасни лица.
Гонореја: 616.392 случаи на гонореја се пријавени во 2019 година, што е зголемување за повеќе од 50% од 2015 година. Мажите имале повисока стапка и забележале поголем пораст (61%) од жените (44%). Уште повеќе, во повеќе од половина од случаите, гонорејата била отпорна на барем еден антибиотик.
Сифилис: 129.813 случаи на сифилис се пријавени во 2019 година, што е зголемување за повеќе од 70% од 2015 година. Ова опфаќа 38.992 случаи на примарен и секундарен сифилис, најинфективни фази. И тука, случаите се зголемиле и кај мажите и кај жените, во сите расни/етнички групи и во сите географски региони. Геј и би мажи сочинуваат мнозинство (57%) од случаите. Најголем пораст е забележан кај вроден сифилис, или инфекција присутна кај новороденчиња при раѓање, која се зголемила за скоро 300% во овој период, достигнувајќи скоро 1.870 случаи (48,5 на 100 000 живородени). Се зголемил и бројот на мртвородени деца и смртни случаи на новороденчиња поврзани со сифилис. Конгениталниот сифилис се одразува и на недостаток на навремена пренатална грижа за дијагностицирање на болеста кај бремени жени и не лекување на случаи кои се дијагностицираат.