Има многу митови околу сексуалната работа и сексуалната индустрија. Меѓутоа, најголемиот дел од нив не добиваат потврда кога фактички ќе се испитаат.
Мит: Нема никаква добра причина за некој да започне или да продолжи со сексуална работа.
Реалност: За многу луѓе, сексуалната работа е нивна најдобра или дури и единствена можност за да заработат доволно за да ги прехранат своите семејства. Како и сите други луѓе, на сексуалните работници им е потребна поддршка за осамостојување преку пристап до здраствена заштита, обука за работа, образование, ставање крај на дискриминацијата, како и добивање на можност за заработување за живот на повеќе од еден начин. Тие исто така се соочуваат со општествено жигосување кое може да го попречи нивното преминување и вклучување во други видови на работа.
Мит: Мнозинството сексуални работници се занимаваат со оваа професија под закана на сила или принуда
Реалност: Нема никакви докази кои би го поткрепиле ова тврдење. Милиони луѓе се занимаваат со сексуална работа во светски рамки. Во студијата од јули 2006 г., Државната канцеларија за отчетност на САД (GAO) е утврдено дека тековните проценки за бројот на лицата кои се вклучени во најразлични видови работа преку нелегална трговија со луѓе, вклучувајќи ја тука и сексуалната работа, се проблематични: „Точноста на проценките е спорна заради методолошки слабости, празнини во податоците и разлики во бројките. На пример, проценките на Владата на САД беа изработени од страна на едно лице кое не ја документираше целата своја работа…“ Сексуалните работници се поединци чии причини за започнување со сексуална работа – и напуштање на истата – се од лична, економска и социјална природа – и се исто толку сложени како и причините на било кој друг за занимавање со некаков друг вид на работа.
Извор: http://swannet.org/