Индиja е една од државите кадешто сексуалната работа е легална. Подведување, посредување , менаџирање на бордел, како и сексуална работа на лица под 18 години е забранета. Иако се забележани бордели во големите градови како Мумбаи и Њу Делхи, доколку СР се затекнати со своите клиенти или ги нудат своите услуги на отворено може да бидат казнети.
Сексуалната работа кај жените ( сексуалната работа на мажи во законот на Индија не е препознаена) е регулирана доколку е доброволна, кај полнолетно лице и доколку се даваат услугите индивидуално. Со оглед на големината на државата, се претпоставува дека во Индија има од 1-10 милиони сексуални работници. И покрај регулираниот однос на работа, стигматизацијата и лошите општествени услови како и пандемијата придонесле за влошување на психичкото здравје на сексуалните работници според спроведено истражување. Истражувањето било направено со цел добивање на реална слика за животот, работата и предизвиците на сексуалните работници.
Во истражувањето биле опфатени 100 СР на возраст од 18-45 години. Средната возраст на опфатените СР била 29, 53 години. Според истражувањето СР во просек се занимавале со сексуална работа околу 7 години. Биле опфатени СР кои работат и во приградските и градските подрачја. 100% од СР изјвиле дека главната мотивација ја гледаат во финансиските средства кои ги заработуваат.
Од истражувањето се добиле податоци и за користењето на кодоми кај СР. Односно на 91% од сексуалните работници им била понудена поголема сума на пари за сексуален однос без заштита. 67% од СР не прифаќале однос без кондом, додека 33% поради поголема сума на пари прифаќале незаштитен однос.
Менталното здравје генерално е запоставено во Индија, следствено и кај СР, иако е важен дел од општата здравствена благосостојба. СР во Индија почесто се изложени на висок ризик, насилство, закани и страв. Забележано е влошено психичко здравје кај СР отколку кај општата популација што се должи на долгата историја на изложеност и незаштитеност.
Од истражувањето се добиле подадоци дека околу 45 % пријавиле психички дисбаланс поврзан со одредени неврози или пострауматски синдром. 25 % од вкупниот број СР во претходниот период пријавиле дека имале депресивна епизода. Додека 9% се борат со анксиозност.
И на светско ниво, особено со двегодишната пандемија на Ковид 19 менталното здравје е влошено. Вулнерабилноста на СР со општествените промени и пандемијата се зголемува , такашто потребна е поголема поддршка, прифаќање и работа на подбрување на статусот и здравјето на СР и во Индија и во другите држави.
Напиша:
Николина Дојчиноска