Во одреден момент во текот на сето ова социјално дистанцирање и Ковид 19, ви дошло и прашањето „дали можам да имам секс за време на Ковид 19?“
Како што веројатно сте сфатиле до сега, социјалното дистанцирање не значи дека треба да имате секс колку што е можно повеќе. На кратко – да, сè уште можете да имате секс, но со претпазливост. Ова е респираторно заболување, така што директен контакт со плунка може да го пренесе вирусот.
Еве неколку совети за тоа како да уживате во сексот и да избегнете ширење на ковид-19.
1. Има уште многу да учиме за сексот и Ковид 19.
- Ковид 19 се има појавено во изметот на лица кои се инфицирани со вирусот.
- Ковид 19 уште се нема појавено во семена или вагинална течност.
- Познато е дека другите коронавируси не се пренесуваат преку секс.
2. Имајте секс со блиски луѓе.
- Вие сте најбезбеден партнер. Со самозадоволување не се шири вирусот, особено ако се измијат рацете. Исто така, не се шири и со секс играчки ако се измиени со сапун и вода 20 секунди пред употреба и 20 секунди после употреба.
- Следниот најбезбеден партнер е некој со кој што живеете. Имајќи близок контакт, вклучително и секс, со мал круг на луѓе помага да се спречи ширењето на ковид 19. Имајте секс само со добиена согласност од другата страна.
- Да се избегнува близок контакт вклучително и секс со личност надвор од домаќинството. Ако имате секс со други, имајте што е можно помалку партнери.
- Доколку ги запознавата вашите сексуални партнери преку интернет и заработувате за живот од давање на сексуални услуги, треба да размислите да земете слободни денови. Видео разговори и давање услуги онлајн можат да бидат опција за вас.
3. Внимавајте за време на сексот.
- Со бакнување може лесно да се заразите со ковид 19. Избегнувајте бакнување дури и со луѓето од најтесниот круг во домаќинството.
- Со Rimming ( лижење на анус ) може лесно да се заразите од вирусот. Преку изметот се шири Ковид 19.
- Користете кондом. Кондомот може да го намали контактот со плунка или измет, особено за време на орална употреба или анален секс.
- Да се миете пред и после сексот е најважно од се.
- Раце ( најмалку 20 секунди со сапун и вода ).
- Да се измијат сексуалните играчки со сапун и топла вода.
- Дезинфицирајте ја тастатурата, таблетот, мобилниот после гледање на порнографија, видео разговор .
4. Прескокнете го сексот ако вие или вашиот партнер не се чуствува добро.
- Доколку вие или вашиот партнер имате ковид 19, избегнувајте го сексот и особено бакнување.
- Доколку не се чуствувате добро, можеби сте во фаза да развиете некои од симптомите на Ковид 19 ( температура, кашлица, губење здив ).
- Доколку вие или вашиот партнер имате медицинска состојба што може да доведе до фатални последици, пожелно е да избегнувате секс. Медицинска состојба вклучува заболувања на: белите дробови, срцеви заболувања, дијабетес, карцином, или ослабен имунолошки систем ( на пример ХИВ ).
5. Спречете ХИВ и други сексуално преносливи инфекции ( СПИ ) и непланирана бременост.
- ХИВ: Кондом , (PrEP) предекспозициска профилакса и (PEP) постекспозициска профилакса го спречува ширењето на ХИВ.
- Кондомот го спречува ширењето на други СПИ.
- Непланирана бременост : Превземете ефективни мерки против несакана бременост за следните неколку недели како што се таблети за контрацепција и кондоми.
Остани безбеден!