Дроги – Политики и практики
Тема на бројот – Млади и дроги
С О Д Р Ж И Н А
Воведен збор: Активисти, колку тоа гордо звучи!
Краток преглед на формите на самоорганизирање на корисниците на дроги
Овој технички преглед говори за бројните видови групи и мрежи формирани од луѓето кои употребуваат дроги, а кои се залагаат за промоција на нашето здравје и за заштита на нашите права. Краткиот преглед ќе помогне да се истакнат заедничките теми и да се создаде рамка за дискусија и за развој на организациите на корисниците на дроги. Повеќето групи корисници на дроги имаат многукратни функции и истовремено созреваат и се развиваат со што го зголемуваат, го развиваат и го збогатуваат кругот на дејствување. Автори: Мет Соутвел и Лана Дурјава, Коакт (Coact)
Што сме и колку сме ние пораснати? – Интервју со Жарир Симрин
Разговорот со Жарир секогаш е многу инспиративен и тешко можете да се задржите на една тема кога разговарате со него. Едноставно, тој има толку многу да каже, а во разговорот знае да направи релација со навидум неповрзливи теми. Уште при запознавањето, некаде во 1999 година, Жарир ми остави впечаток на сестрана и слободоумна личност. Со текот на годините на заедничко познанство оваа констатација постојано ми се потврдува. Тој е еден од малкутемина луѓе во Македонија кои имале храброст и доблест отворено да се заангажираат за правата на луѓето кои употребуваат дроги. На почетокот на две илјадитите години, Жарир беше еден од основачите на Македонската асоцијација на корисници на дроги, а подоцна еден од основачите и претседател на Здружението Пасаж, повторно здружение за правата на луѓето кои употребуваат дроги, а активен е и во други неформални групи со исти или со слични цели. Неговото искуство и познавањето на активистичкото расположение меѓу луѓето кои употребуваат дроги се причина за ова интервју. Жарир работи како теренски работник за намалување на штети од употреба на дроги, а себеси се претставува како полидруг јузер, активист и слободен уметник. Разговорот го водеше: Вања Димитриевски
Активизмот на луѓето кои употребуваат дроги во Македонија
„Прво, не знам колку можеме да зборуваме за ’драг јузер активизам‘, како што јас го замислувам, затоа што премалку луѓе имаат свесност, храброст, слобода на мислата, а дури во последно време што е за мене најстрашно – луѓето се плашат да зборуваат за такви теми затоа што живееме во едно тоталитарно општество што на времето, на пример комунизмот за ова денес е мачји кашаљ” – корисник на дроги, март 2014 година. Автор: Влатко Деков
Потреба за воведување социјални услуги за деца кои употребуваат дроги
Појавата на деца кои користат дроги е комплексен и сериозен проблем кој бара вклучување на огромен број на фактори, како на оние кои се вклучени во креирање на политики, така и на фактори кои се дел од социјалниот, од здравствениот, од образовниот систем. Станува збор за проблем кој бара надлежните министерства, пред сè Министерството за труд и социјална политика, а потоа и Министерството за здравство, сериозно да се позанимаваат со изнаоѓање начин на вклучување на децата корисници на дроги во третман, рехабилитација, ресоцијализација и нивна реинтеграција во општеството. Авторка:Александра Спасовска
Повремена и одговорна употреба на психоактивните супстанции
Кога зборуваме за одговорна употреба, пред сѐ, се мисли на користење дроги на тој начин што би се намалиле или би се елиминирале негативните ризици и штетни последици кои постојат или можат да се појават кај личноста која ги користи или пак кај лицата во нејзината блиска околина. Автор: Давор Смиланов
Семејството – главна алка при справување на проблемот со зависноста
„Семејството е институција на која ѝ должиме со човечност затоа што не е познат друг начин на кој се создаваат човечки суштества, освен со воспитување во рамките на семејната заедница“ – Маргаред Мид. Семејството е основна социјална група и некои го нарекуваат основна клетка на општеството. Гледајќи го историскиот развој на семејството, од самите почетоци на цивилизацијата, почнувајќи од времето кога луѓето живееле во хорди, па до денес, семејството ги менува своите облици и функции во зависност од општите социјални законитости и од развојот на самото општество. Меѓутоа, задоволувајќи ги основните човекови потреби за живот, штитејќи ги или отфрлувајќи ги своите деца, многу често семејствата се соочуваат со проблем кој прераснува во болест. Болеста е отсуство на здравје, но кога станува збор за болест на зависност зборуваме за болест не на единка, туку на семејството. Авотрка: Биљана Ивановска
Подготвува: Ирена Јовановска