Седми мај е Меѓународниот ден за намалување на штети. Ден кога се промовираат политиките за дроги, базирани на докази врз основа на јавното здравство и човекови права. Оваа година се повикуваа организациите кои работататна намалување на шетети од дроги, да го одбележат денот со ивенти, видео пораки, фотографии каде главниот фокус беше да се пренесе колку е важно постоењето на соби за безбедно инјектирање, каде што корисниците на дрога може да ги користат своите дроги со стерилна опрема во надгледувана средина, со тоа ќе се намали ризикот од предозирање и инфекции и непријатнотста од отпадоците од употребените игли на улиците!
На линкот можете да ја прочитате анализата за соби за безбедно инјектирање.
Вчера во просториите на ХОПС во Капиштец, под иницијатива на социјалниот работник Даниела Ѓорѓевиќ се одржа креативна работилница со луѓето кои го посетуваат центрот и ги користат услугите на ХОПС. Воедно преку различни и лични искуства се говорело за важноста на постоењето на програмите за намалување на штети.
Услуги за намалување на штети од употреба на дроги наменети за лицата коишто употребуваат дроги и нивните семејства, може да добиете во:
- Дроп ин центар во Мавровка, од понеделник до петок, од 13 до 18 часот, тел. број 02/3130-058;
- Дроп ин центар во Капиштец, од понеделник до петок, од 9 до 17 часот, тел. број 02/3176-428;
- Дроп ин центар во Шуто Оризари, од понеделник до петок, од 10 до 16 часот, тел. број 076/631-635;
- Дневен центар за ресоцијализација и рехабилитација на корисници на дроги и нивните семејства, тел.број 02/5112-684.
Доколку не можете да дојдете во нашите центри, побарајте го теренскиот тим на 075/769-948.
Услуги за поддршка на сексуалните работници/чки и нивните семејства, може да добиете во:
- Дневниот центар за поддршка на сексуални работници/чки, секој работен ден, од 13 до 18 часот, тел. број 02/2630-499.
Доколку не можете да дојдете во нашиотцентар, побарајте го теренскиот тим:
- на Отворена сцена или пред Македонска телевизија, во вечерните часови секој понеделник, среда и петок;
- во Шуто Оризари, во вторник навечер и во четврток околу пладне;
- во Топаана, секој понеделник околу пладне.