Вкупниот број на смртни случаи со предозирање од дрога во Европа се зголемува за трета година по ред, според извештајот на Европската дрога ЕМЦДДА (2017 година). 8.441 фатални овердоузи, главно поврзани со хероин и други опијати, во 30 земји опфатени во извештајот за 2015 година, а 7.950 во претходната година.
Зголемување на смртноста се пријавени во речиси сите возрасни групи. Додека смртни случаи од метадон ги надмина смртните случаи поврзани со хероин во Ирска, Франција, Хрватска и Данска. Во извештајот се потенцира за програмите за земи-дома налоксон во девет земји членки на ЕУ плус Норвешка, како и за шест соби за безбедно инјектирање плус Норвешка.
Во извештајот исто така, го привлекува вниманието на растечката закана од страна моќните синтетички опиоиди, и покрај тоа што се “мал удел на пазарот“. Дваесет и пет нови синтетички опиоиди биле откриени во Европа од 2009 година, 18 од нив фенантили.
Додека претходните години Европскиот извештај за дрога го истакнаа експоненцијално зголемување на NPS (нови психоактивни сусптанци) откриени за прв пат преку системот за рано предупредување на ЕУ (EWS).
“Нашите најнови наоди укажуваат на тоа дека одговорите на нови психоактивни супстанции, како што се новите закони и мерки насочени кон уличната продажба, може да има влијание врз појавата на NPS на пазарот”, вели директорот на ЕМЦДДА – Alexis Goosdeel. “Но, и покрај позитивните знаци на забавување на произведување на нови иновации, вкупната достапност и понатаму останува висока. Продажба на новите дроги, овие дроги стануваат се повеќе тајни, и пордажабта преминува онлајн преку трансаксции и на нелегалниот пазар на дрога, а ние сме сведоци на неодамнешната појава на некои високо потентни супстанции, кои се поврзани со смртни случаи и сериозни труења.“
Извештајот може да се најде под наслов: European drug report 2017: trends and developments на www.emcdda.europa.eu