УНАИДС ги објави своите проценки за релативниот ризик од стекнување со ХИВ инфекција и дистрибуцијата на нови ХИВ инфекции по популација за 2019 година.
Во 2019 година, процентот на нови возрасни ХИВ инфекции на глобално ниво меѓу клучните популации и нивните сексуални партнери бил 62%. Епидемијата на ХИВ сè повеќе е присутна меѓу клучните популации како резултат на силниот напредок во превенција на ХИВ во средини со висока преваленца на ХИВ во источна и јужна Африка, во комбинација со мешавина од напредок и уназадувања во региони со пониска преваленца.
Клучните популации кои вклучуваат сексуални работници, луѓе кои инјектираат дрога, затвореници, трансродови лица и хомосексуалци и други мажи кои имаат сексуални односи со мажи, сочинуваат мали пропорции на општата популација, но тие се изложени на зголемен ризик да добијат ХИВ инфекција, поради дискриминацијата и социјалното исклучување.
Во споредба со неодамнешните проценки, особено во регионот на Југоисточна Европа, ова е значително зголемување на ризикот за популацијата на луѓе кои користат дроги.