Првата светска банка за сперма на ХИВ позитивни донори е основана во Нов Зеланд, со цел да се бори против стигмата околу оваа болест. Три ХИВ-позитивни мажи веќе се пријавиле да донираат, кај кои што е утврдено дека нивото на вирус во нивната крв е толку ниско што тој не може да се пренесе преку секс или породување.
Sperm Positive беше промовирана како активност од три добротворни организации пред Светскиот ден на сидата, први декември.
Body Positive, Фондацијата за СИДА на Нов Зеланд и Positive Women Inc. се надевааат дека овој проект ќе ја едуцира јавноста за пренесувањето на вирусот и ќе ја намали стигмата за оние кои ја имаат болеста. Оваа банка за сперма вели дека ќе даде до знаење дека сите донатори се ХИВ позитивни, но на успешен третман што ги спречува да го пренесат вирусот.
И покрај тоа што не работи како клиника за плодност, Sperm Positive ќе ги стави луѓето во контакт со локалните клиники за плодност ако се согласат на спојување.
Еден од тројцата донори, Дамјан Рул-Нил, за Радио Нов Зеланд изјави дека откако му открил на својот работодавец за болеста, бил малтретиран и конечно решил да ја напушти својата работа.
„Зад нас стои науката која што докажува дека лековите ве прават непреносливи“, рече тој. Дијагностициран во 1999 година, г-дин Рул-Нил е здрав и оженет со две деца и три внуци.
Во последниве години има бројни достигнувања во третманот со ХИВ, вклучително и првата трансплантација во светот на бубрег од еден ХИВ позитивен пациент на друг. Антиретровирусна терапија е дневна комбинација на лекови кои спречуваат ХИВ да се реплицира во организмот ја намалува количината на вирус во крвта до невидливи нивоа.
Но, ХИВ продолжува да биде еден од најсериозните светски здравствени предизвици во светот. Околу 38 милиони луѓе имале ХИВ / СИДА во 2018 година.