Се одржа тркалезна маса за промоцијата на истражувањето “Родово базирано насилство врз жените кои употребуваат дроги”

0

Во Хотел Панорамика,  се одржа тркалезната маса за промоцијата на истражувањето “Родово базирано насилство врз жените кои употребуваат дроги.” На тркалезната маса имаше околу 20тина учесници,  претставници на институциите (МВР, Дневна болница за третман и лекување на зависности)  како и претставници на граѓанските сектор.

Истражувачките Наташа Бошкова и Хајди Штерјова Симоновиќ, ја презентираа методологијата и истражувачките алатки, како и заклучоците и наодите и препораките од истражувањето, за подобро системско справување со родово базирано насилство.  По презентацијата се отвори плодна дискусија каде се зборуваше за недостатоците на системот при справување со родово базирано насилство, посебно кога се работи за жени кои употребуваат дроги, но и како да се надминат овие недостатоци.

ИстражувањетоРодово-базирано насилство врз жените кои употребуваат дроги” е спроведено од страна на ХОПС Опции за здрав живот Скопје,  во рамки на проектот “Пристап до сеопфатна грижа за жени кои користат дроги во случај на насилство”. Проектот е дел од регионалниот проект  “Sustainability of Services for Key Populations in Eastern Europe and Central Asia” имплементиран од Alliance for Public Health, во конзорциум со 100% Life (All-Ukrainian Network of PLWH), the Central Asian HIV’ Association и the Eurasian Key Populations Health Network со поддршка на Global Fund to Fight AIDS, Tuberculosis, and Malaria.

Leave A Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.