Минатата недела одржавме онлајн обука за параправници и теренски работници што работат со сексуални работници за законски измени за време на вонредна состојба- КОВИД 19.
Обуката ја водеа нашата правничка Маргарита Глигороска и социјалната работничка Катерина Тодоровска. Обуката е поддржна од Фондација Отворено општество.
На обуката се зборуваше за вонредната состојба во која се наоѓаме, уредбите со законска сила, полициски час, кривична одговорност на непочитување мерки во вонредна состојба како и за правата за социјална и здравствена заштита. Атмосферата беше одлична и многу интерактивна.