Проектот EU TACSO 3 организираше “Форум за граѓанско општество на ЕУ за Западен Балкан и Турција 2022” во Скопје, Северна Македонија. Високи претставници од Европската комисија, делегациите на ЕУ, владите и различни претставници од граѓанските организации присуствувале на Форумот, вкупно 120 учесници лично и дополнителни 100 онлајн. Во светлината на неодамнешните драматични случувања во Европа, имено пандемијата COVID-19 и руската војна против Украина, Форумот дал можност подобро да се разберат предизвиците и можностите во регионот, како и улогата на граѓанското општество.
Главната цел на Форумот e да ги започне ревидираните насоки на ЕУ за поддршка на граѓанското општество во регионот на проширување (2021-2027). Овие Насоки ги поставуваат целите за помошта на ЕУ за граѓанското општество, обезбедуваат алатка за владите да ја подобрат соработката со граѓанското општество и помагаат да се измери напредокот кон исполнување на условите за интеграција во ЕУ. Во периодот од 2014 до 2020 година, преку Програмата за граѓанско општество и медиуми, ЕУ обезбеди околу 330 милиони евра поддршка за граѓанското општество, додека планираната сума за периодот 2021-2023 година е 218 милиони евра. Насоките ќе и помогнат на ЕУ да го процени влијанието на оваа поддршка.
Коментирајќи ја дискусијата, извршниот директор на ДПНСЕЕ, Милутин Милошевиќ истакнал две важни точки: дека најголемиот дел од поддршката оди на избраниот број големи граѓански организации и дека поддршката исто така, ќе биде споделена на малите и средните организации, и дека покрај индикаторот предложен за имплементација на насоките, постигнатото влијание треба да биде главниот извор за мерење на нивниот успех.
На форумот се говорело за актуелната состојба на граѓанските организации во регионот, како и за заедничките активности од страна на ЕУ, јавните власти и граѓанското општество кои би се справиле со идентификуваните предизвици. Четири приоритетни области: Зелена агенда; Владеење на правото, добро владеење и антикорупција; Човекови права, антидискриминација и намалување на сиромаштијата; и соработката на граѓанските организации со медиумите се дискутирани на посебни сесии.