Иницијатива на дизајн сцената, доктори и сопственици на 3D принтери, почнаа да се изработуваат заштитни маски со визири за медицинските работници испринтани на 3D принтери. Несебичната поддршка на граѓаните иницираше facebook група во која членуваат доктори, дизајнери, приватни сопственици на 3D принтери, компании кои се занимаваат со ваква дејност и лица кои се пријавија за волонтери, за што побрзо маските да се дистрибуираат до засегнатите клиники
Првата количина од 315 маски со визири кои со 3-Д принтери ги изработија доктори и дизајнери денес беа доставени во Градската општа болница „8 Септември“ на стерилизација, а потоа ќе следи официјална прераспределба на местата кои се први изложени на удар од коронавирусот.
Оваа група на пред се хумани луѓе нема да застане овде. Продолжуваат деноноќно со работа за да се снабдат сите медицински установи низ републиката, паралелно развивајќи модели на разни конектори и елементи за медицинска опрема која може да стане дефицитарна, надевајќи се дека ситуацијата ќе се подобри и нема да имаат потреба да ги произведуваат.
Ги замолуваме сите кои сакаат да помогнат во донација на материјали, финансиски донации или пак кои имаат идеја како најбрзо да се снабдат медицинските работници со заштитни маски да се приклучат на иницијативата на facebook групата:
https://www.facebook.com/groups/930629214035361/?ref=share
Или да донираат на:
Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ на специјализанти и млади лекари на Македонија – АСМЛ Скопје
Сметка: 320100024402679
Централна кооперативна банка
Даночен број: 4032014526408
Сметка: 320100024402679
Централна кооперативна банка
Даночен број: 4032014526408
Браво херои! #ковид19