Под силно обезбедување, Сараево ја одржа својата инаугуративна парада на гордоста – додека противниците одржуваа паралелни маршеви за поддршка на „традиционалните семејни вредности“.
Првата парада на гордоста започна во недела попладне и помина мирно во главниот град на Босна и Херцеговина. Околу две илјади луѓе маршираа низ улицата Тито, главната улица во Сараево, а маршот завршил пред парламентот на државно ниво.
Двочасовниот марш бил под силно обезбедување и покрај повиците за негово откажување и загриженоста за безбедноста, се завршил без инциденти.
Активисти за човекови права од Белград, Тирана, Скопје и Подгорица присуствуваа на Маршот на гордоста, давајќи ја нивната поддршка за заштита на правата на ЛГБТИ заедницата во Босна.
Додека врвните босански политичари не успеаја да присуствуваат на маршот, американскиот амбасадор во Босна, Ерик Нелсон ја дал својата поддршка заедно со многу други дипломати и претставници на невладини организации во Босна.
Само на час и половина пред почетокот на парадата на гордоста, сараевската иницијатива Искорак организирала контра-марш во близина на центарот на градот, кој што го најавиле во петокот.
Група демонстранти, исто така, организирале контра-марш во исто време со парадата во сараевската населба Циглана, предводена од Санин Муса, теолог и професор кој го навел своето несогласување со јавните дисплеи од истополова ориентација, тврдејќи дека тоа се спротивно на „основната традиција на врската помеѓу маж и жена“.
Во саботата, еден ден пред маршот, друга граѓанска група, Здружението Свјетло, се прошетале низ улиците за поддршка на традиционалните семејни вредности од Вечниот пламен до државниот парламент, користејќи ја истата рута како онаа на парадата на гордоста.
Одејќи под слоганот „Традиционално семејство“, организаторите на оваа манифестација изјавиле дека целта е да се потенцира „природноста на традиционалното семејство во однос на науката и религијата“.
Босна и Херцеговина е единствената земја од поранешниот југословенски регион што не била домаќин на ваква парада. Социјално конзервативната земја исто така има историја на насилство насочено кон ЛГБТ-фестивалите, особено во 2008 и 2014 година.
Комитетот кој што ја организираше парадата сбил под значителен притисок од политичарите и јавноста, откако ги објавиле своите планови во април. Локалната кантонална власт во Сараево побарала организаторите да финансираат дополнителни безбедносни мерки, вклучително и набавка и поставување бетонски бариери по трасата на маршот. Некои активисти го опишаа ова како правно сомнителна побарувачка, како што претходно објави БИРН.