Здружението „Проект среќа“, трета година по ред го одбележа 17 октомври, Интернационалниот ден за борба против сиромаштијата, овој пат со првата конференција за деца во социјален ризик „Самит на детски желби“, каде децата беа главните гости и говорници. Беше презентирана и видео кампања која носи порака за градење на одговорно и филантропско општество.
Меѓу учесниците беа и 6 дечиња од ХОПС, кои добија пакети со храна. Иванна Хаџиевска ја водеше конференцијата додека градоначалникот на Општина Центар и холандскиот амбасадор раскажаа лични приказни и испратија пораки, што се треба да направиме за подобра иднина на дечињата во Република Македонија.
На линк 1, линк 2, линк 3, можете да ги видите видеата кои беа изработени како дел од кампањата.
Благодарност до Проект среќа и Кристина Арнаудова, се несебечината проддршка и вклучување на нашите дечиња во сите акции.