Сиетл и Кралството Каунти, Вашингтон се првите локации во САД кои ќе отворат соби за безбедно инјектирање на дроги со цел намалување на епидемијата од предозирање. Просториите ќе обезбедат пристап до стерилни игли за оние кои инјектираат дроги. Истите ќе бидат под надзор на медицински сестри, каде доколку се дојде до предозирање, ќе интервенираат со Налоксон. Исто така во просториите може да се направат тестови за ХИВ и хепатитис.
„Како и многу други места низ нашата нација, Сиетл и Кралството Каунти се соочува со епидемија на хероин и употреба на опијати добиени на рецепт како никогаш досега. За да луѓето останат живи, им се дава можност да се лекуваат и да го започнат нивниот пат кон закрепнување.” – вели градоначалникот Мареј.
Идејата за отворање на соби за безбедно инјектирање доаѓа откако повеќе од 33.000 лица починале во 2015 година поради злоупотреба на опијати. Најголем број починати се од употребата на хероин, која е зголемена за четири пати од 2010 година.
Првата просторија за безбедно инјектирање во Северна Америка, била посетена 3,5 милиони пати од неговото отворање во 2003. Медицинските сестри интервенирале во речиси 5.000 предозирања, но поради брзите реакции никој не починал.
Политичкиот отпор за отворањето на соби за безбедно инјектирање е сличен со борбата против програмите за намалување на штети, со дроп ин центрите за размена на игли во 1980 година.
“Немаше размена на игли се додека не се појави ХИВ. Кога ХИВ стана вонредна здравствена состојба, јавноста сфати дека сетрилните игли се решението.“ – Уник
Во Њујорк има 14 центри за размена на игли. Сега се разгледува можноста за отворање на соби за безбедно инјектирање, иако во моментов Министерството за здравство и менталната хигиена ги проучуваат „клиничките, правните и безбедносните прашања поврзани со SIFs”, изјавил потпаролот Кристофер Милер. Во март минатата година, градоначалникот на Итака, Сванте Мурик, исто така ја искажал својата поддршка за собите за безбедно инјектирање.
„Реалноста е дека луѓето ќе користат дроги и тоа треба да биде нашиот мандат да ги задржиме луѓето живи и да се намалат штетите поврзани со употребата на дроги колку што е можно,”- Алиса Агилера, извршен директор на групата за застапување ГЛАСОВЕН Њујорк.
Извор: www.buzzfeed.com