Русија е во состојба на епидемија на ХИВ/СИДА со 100.000 нови случаи регистрирани секоја година, една од највисоките стапки на нови инфекции во светот, каде помалку од половина од дијагностицираните дури добиваат третман.
Вирусот се повлекува во голем дел од светот, додека во Русија расте, и тие сочинуваат 80 проценти од новите случаи во Европа и Централна Азија. Рускиот федерален центар за сида изјавил дека епидемијата сега го носи вирусот од интравенски корисници на дрога и други групи со висок ризик на општата популација.
Здравствените експерти ја обвинуваат општествената и политичката неподготвеност за поддршка на сексуалното образование и програмите за знамалување на штети и тоа што властите не го го признаваат проблемот.
„Нема политичка волја да се соочиме со вистината” – Максим Малишев, кој дистрибуира чисти шприцеви кон корисниците на дрога со фондацијата Рилков која е на црната листа. „Наместо да пишувам извештаи дека се работи за тоа и дека сè оди според планираното, треба да признаеме дека работите се лоши – навистина лоши”.
Погледнете го видеото на VICE за ситуацијата.