Најдобро е да не користиш дроги.
Ама ако веќе решиш да користиш дроги добро ИНФОРМИРАЈ СЕ и почитувај ги принципите за употреба на дроги за да го заштитиш своето здравје, но и здравјето на другите.
На оваа страница се наведени врски до други страници на кои на различни начини се претставени веродостојни информации за разновидните видови дроги.
Алкохол (активна состојка етанол) се наоѓа во форма на алкохолни пијалаци (пиво, вино и жестоки пијалаци – ракија, водка, џин, виски).
Амфетамин (алфа-метилфенeтиламин) е стимуланс на централниот нервен систем.
Диазепам (бензодиазепам, валиум) е депресант од класата на бензодиазепини, кој поседува анксиолитичко, антиконвулзивно, седативо и мускулно-релаксантско дејство.
Бавно ослободувачки морфиум или ЛААМ (Levo-Alpha Acetyl Methadol) е алтернатива на супституциската терапија со метадон. Се прима три пати седмично и затоа не мора секој ден да се оди до болницата. ЛААМ го блокира дејството на другите опијати и спречува појава на апстиненцијална криза, но не предизвикува чувство на вознесување (high). Се нарекува бавноослободувачки затоа што побавно се апсорбира во организмот и има подолготрајно дејство.
Бупренорфин. Опијат-блокатор што се користи за лекување на опијатна/опиоидна зависност кај лица повозрасни од 16 години. Бупренорфинот е делумно агонист што значи дека ги поттикнува опијатските рецептори во мозокот да делуваат, што му дава и поволно антидепресивно дејство, додека другиот дел е антагонист што значи дека ги блокира опијатските ефекти во мозокот, врзувајки ги рецепторите без да ги стимулира да дејствуваат. Повеќе за бупренорфин можете да прочитате во списанието Дроги – Политики и практики, бр. 1, стр. 14.
Драгслаб. Каналот Драгслаб (Drugslab) на Јутјуб нуди серија видеа каде што можете да гледате, како три атрактивни млади луѓе, домаќините Нели Бенер, Ренс Полман и Бастијан Розман во име на науката пробуваат дроги како екстази, спид, ЛСД и други дроги и говорат за нивното дејство врз човечкото тело. Драгслаб е поддржан од холандското Министерство за образование, култура и наука.
JWH-018 – Синтетски канабиноиди (синтетичка марихуана, спајс, билна мешавина, хербални ароматизери, легал хајс) се нови психоактивни супстанции (НПС), истражувачки супстанции (research chemicals), високо-потентни аналози на природните канабиноиди кои продуцираат субјективни ефекти слични на канабисот.
Канабис (марихуана, коноп, трева) е растение кое содржи фитоканабиноиди, од кои се користат исушени цветови и/или листови за рекреативни цели или за подготовка на лекови за медицинска употреба.
Кетамин (RS)-2-(2-Chlorophenyl)-2-(methylamino) cyclohexanone е синтетски халуциноген и дисоцијактивен анестетик со широка примена во хуманата и ветеринарната медицина, за воведување и одржување во општа анестезија, третман на болка и како антидепресив.
Кокаин (бензоилметилекгонин, кока, бело) е кристален тропански аклалоид со краткотрајно стимулативно дејство кој се добива од листовите на растението Еритроксилон Кока, кое традиционално се одгледува и употребува на Јужнoaмериканскиот континент уште од дамнешни времиња.
Кофеин (1,3,7-триметилпурин-2,6-дион) е стимуланс на централниот нервен систем (ЦНС) од ксантинска класа алкалоиди.
МДМА (3,4-метилендиокси-Н-метиламфетамин) е психостимулативна супстанција позната по своето еуфорично и ентактогено дејство.
МДПВ – 3,4-Methylenedioxypyrovalerone (улични имиња: MDPV, MDPK, „Bath Salts“, Super Coke, Magic, MP3/4), е нова психоактивна супстанција (НПС), потентен стимуланс со долготрајно дејство од класата на синтетски катинони кој продуцира стимулативни ефекти слични како оние на амфетаминот и кокаинот.
Метадон. Се користи за опијатна/опиоидна зависност. Ги блокира еуфоричните и седативните дејства на опијатите. Ако се дозира правилно не предизвикува еуфорија, труење или поспаност. Ја намалува хроничната потреба за опијати. Ги спречува апстиненцијалните симптоми. Не ги нарушува моторните и менталните способности и не ја намалува работоспособноста или поточно, личноста може успешно да се ресоцијализира. Влијае на намалување на ризиците од пренесување на крвно и сексуално преносливи инфекции. Претставува ефикасно средство за заштита од ХИВ и од хепатит, за намалување на стапката на криминал, за успешна ресоцијализација.
Метамфетамин – N-methylamphetamine (мет, кристал мет) е потентен долготраечки синтетски стимуланс од фенетиламинска и амфетаминска класа супстанции, кој создава традиционални стимулативни ефекти кај луѓето како зголемена психо-физичка стимулација, зголемена будност, забрзан мисловен процес и интензивна состојба на еуфорија.
Морфиум е алкалоид кој се добива од афионот (Papaver somniferum). Тој е силен аналгетик кој делува на централниот нервен систем. Влијае на намалување на болката и на вознемиреноста, предизвикува чувство на опиеност и на поспаност, ги забавува дишењето и перисталтиката (работата на цревата во организмот).
Нови психоактивни супстанции. Најчесто користени имиња за овие супстанции се: дизајнерски дроги (designer drugs), дозволени дроги (legal highs), растителни дроги (herbal highs), експериментални супстанции (research chemicals), соли за капење (bath salts), растително ѓубриво (plant food) и други. Овие супстанции обично имаат ознака дека не се дозволени за употреба кај луѓето („not for human consumption“). Се работи за синтетички и за растителни супстанции што најчесто се продаваат преку интернет или во продавници, што се нарекуваат „smart shops“ или „head shops“. Тие супстанции не се заштитени во склад со меѓународното законодавство.
Магични печурки (magic mushrooms, shrooms), се габи кои во себе содржат психоактивни триптамински алкалоиди како псилоцибин, псилоцин и беоцистин – активни супстанции на кој се должи примарното дејство. Во природата постојат повеќе од 180 видови печурки кои содржат псилоцибин и/или псилоцин.
Хероин – диацетилморфин (хорс, роба) е моќeн полу-синтетски опиоид добиен по хемиски пат од морфиумот.
75 години од првото ЛСД патување