Резултатите од спроведувањето на проектните активности од проектот “Психолошка поддршка и советување на деца и млади до 25 годишна возраст кои употребуваат дроги и нивните семејства” поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, кои беа во времетраење од три месеци, покажаа пред се дека децата и младите до 25 години имаат потреба од психолошка поддршка заради употреба од дроги, но и дека имаат потреба од третман базиран на медицина на докази.

Имено само 27.7% од корисниците се деца кои ја користеле услугата психолошки советувања а останатите 72.2% се лица млади до 25 годишна возраст.
Од вкупниот број на реализирани психолошки советувања 55.5% се мажи кои добиле советување, а 44.4% се жени.
Позитивно е што во дури во 33.3% од корисниците биле вклучени и нивните семејства, а 66.6% од вкупно 36 советувања биле индивидуални психолошки советувања.
Идентификувани проблеми од страна на психологот кај децата и младите до 25 години кои добиле услуга се зголемена употреба на канабис (45.4%), рецидив по долга апстиненција (13.6%), зголемена употреба на кокаин (6.8%) како и зголемена употреба на амфетамин (34.1%).
Најчести причини за зголемена употреба на дроги се депресија анксиозност зголемена ефикасност на работа како и инсомнија и намалена концентрација.
Дури 25% од децата и младите до 25 годишна возраст ја зголемиле употребата на дроги поради анксиозност, 16.6% поради депресија, 12.5% ја зголемиле употребата на дроги или направиле рецидив затоа што не можеле да се адаптираат во средината во која што живеат по враќање од странство и кај 8.3% како причина за зголемена употреба на дроги се јавува инсомнијата и намалената концентрација. Исто така, не се за занемарување и процентите за зголемена употреба на дроги предизвикани од панични напади, притисок од друштво, страв, развод на брак на родители и намалена енергија (4.1%).
Добиен е податок дека кај 36.1% од децата и младите до 25 годишна возраст кои добиле психолошки советувања преку проектните активности се појавуваат конфликти со семејството поради нивна употреба на дроги, а кај 25% од нив е вклучено и нивното семејство во советувањата. Покрај психолошките советувања, 11.1% од клиентите биле упатени и кај психијатар.
Главни заклучоци и препораки кои произлегуваат од овој проект се:
- Децата и младите во време на пандемија се соочуваат со сериозни проблеми поврзани со употребата на дроги.
- Дека е неопходно воспоставување и развивање на соодветни програми за третман на децата и младите од зависност од употреба на дроги.
- Неопходна е континуирана стручна специјализирана психолошка помош на оваа популација.
- Неопходно е навремена грижа за менталното здравје на децата и младите заради превенција од употреба на дроги.
- Прилагодување на програмите за намалување на штети за работа со деца и млади.
- Неопходна е поголема и навремена информираност и инволвираност на сите клучни чинители преку пристап базиран на човекови права ослободен од стигма, предрасуди и осуда ( семејство, образование, социјални служби и здравствени инстититуции).