Глобалната анкета за дроги е најголемото истражување за дроги во светот и овие откритија доаѓаат од над 110.000 луѓе од 25 земји, од каде 66% биле мажи, 52% биле на возраст под 25 години и 22% на возраст од 35 години или постари.
Со исклучок на алкохол и производи од тутун/никотин, топ 10 дроги користени во последните 12 месеци од испитаниците биле: канабис што содржи ТХЦ, МДМА, производи од канабис ЦБД (не-психоактивни), кокаин, амфетамин, ЛСД, бензодиазепини, магични печурки, кетамин и опиоиди на рецепт.
Општо земено, колку е попотентна дрогата, толку е поголем ризикот од акутно оштетување. Со регулиран пазар може да се произведат и пласираат помалку потентни побезбедни алтернативи за да се намали овој ризик и да се информираат потрошувачите за потенцијата.
Низ многу класи на дроги, помлади жени (под 25 години) пријавуваат повисоки стапки на барање на итна помош од која било друга група. Ова е најочигледно за GHB, алкохол, МДМА и кетамин. Неизвесно е дали се должи на тоа што оваа популација прифаќа поризични модели на употреба или се должи на физиолошки разлики, но наодите укажуваат на потреба за специфични пораки за намалување на штета кај младите жени, за да се ублажи овој зголемен ризик.
Врз основа на податоците повеќе од 90.000 луѓе кои пијат, испитаниците од претежно англиски јазик земји и скандинавија, тие пијат повеќе отколку другите земји, со тоа што Австралија е на третото место на глобалното рангирање. Испитаниците изјавиле дека жалеле што се опиле во 30% од приликите.
49% од корисниците на МДМА изјавиле дека немаат идеја колку МДМА има во нивната таблета или капсула и само 7% ги тестирале своите дроги, а набавката на „даркнет“ значително се зголемила во тој период.
Прочитајте го целиот извештај овде.