Drugsand.me е образовна веб-страница која обезбедува информации базирани на докази за постојните методи за намалување на штетите за корисниците на дрога. Од јануари до март 2017 година, спроведоа онлајн – анонимна анкета со цел да ја истражи употребата на дроги кај студентите.
Вкупно учество зеле 329 лица од над 30 националности. Анализирани се само резултатите од 280 испитаници, бидејќи се елиминирани одговорите на испитаниците кои не се студенти.
- Најголем дел од испитаниците биле Британци – 33,2% кои ја пријавиле својата националност.
- 36,7% од испитаниците не сакале да ја пријават својата националност.
- 49,6% од испитаниците биле мажи, 46,8% биле жени и 3,6% избрале “друго” како род.
- 74,3% од возрасните испитаници се движеле меѓу 19 и 22 години.
Употреба на дроги.
➢ 96,1% од учениците рекреативно употребувале дроги пред да се појават на универзитет.
➢ 80,0% од учениците започнале да користат недозволени дроги на возраст меѓу 14 и 18 години.
➢ Најчестите дроги, кои учениците ги користеле пред да се појават на универзитет се:
- алкохол (97,8%)
- канабис (84.2%)
- MDMA (36,8%).
➢ Со запишување на универзитет, први дроги со кои имале средба и ја пробале се:
- кокаинот (40.0%),
- MDMA (38,9%),
- кетамин (29,3%),
- канабис (28,6%),
- ЛСД (27,9%),
- додека 20,7% од учениците не пробале никаква дрога.
➢ 67,1% од учениците сметаат дека нивната употреба на дроги е зголемена на универзитет.
➢ Како главни причини за употребата на дрога се: рекреативната (81,1%), 62,5% од учениците користеле дроги за излегување по ноќни клубови и 55% користеле дроги за да се релаксираат. Од друга страна, депресијата е фактор за користење дроги кај 20,4% од учениците.
Целото истражување може да го прочитате ТУКА.