Во август ќе имаме поставување на инсталациите во Градскиот парк, кои произлегоа како поддршка од Цивика мобилитас, проект “Креативна акција за општествени промени: Граѓански ангажман на луѓето во социјален ризик”.
Целта на нашиот проект е општествена интеграција и социо-економско зајакнување на луѓето во социјален ризик во Скопје преку нивно активно вклучување во активности базирани на креативно-уметнички активизам и преку афирмација на нивната работа во локалната заедница. Јакнење на капацитетите за општествен придонес на луѓето од општествено-маргинализираните заедници и збогатување на содржините за забава и неформално образование во локалните заедници, особено на децата и на младите.
Она кон што нашиот тим и нашата организација цели е да отвори врати кон нови можности за л уѓето кои се на маргините во општеството да добијат ноби шанси, бидејќи никој за својот начин на живот не смее да биде осудуван. Во убава атмосфера твориме и созадаваме , а наскоро и ќе видите што.
Заземи Став – Take a Stand представува зелен вертикален урбан простор кој овозможува изразување на позитивниот став на младите. Тука може секој да застане и да го каже гласно или да го напише и нацрта своето позитивно мислење. Целта е да мотивираме и предизвикаме младите а и останатите да го искажат својот став за подобро заедничко утре, без дискриминација и стигма, можности за сите. ( Изграден е од дрвени столбови, реупотребени палети и зазеленет и украсен со растенија насадени во реупотребени пластични садови.
Биди Зелен – Go Green е вертикална градина. Ова е градина во која се насадени желби и надежи за подобра заедничка иднина. Декорираните пластични садови кои се претворено во ликови, се совршен симболичен приказ на тоа дека всадувањето и одгледувањето позитивни мисли и практики во човековиот ум, води кон зелена заедничка иднина. Да си пружиме рака и заеднички да ја израснеме нашата инина. (Издраден е од дрвени столбови и вертикално поставени реупотребени пластични шишиња во кои се засадени растенија.)
На Маса(Астал) – On The Table произлегува од Да седнеме на астал, на трпеза и да разгодараме картите на маса. Практично симболично заедниците го повикуваат општеството, да седнеме на астал и да отпочнеме дискусија за предизвиците и нивно решавање. Тука е предвиден простор каде можат дикотеките, клубовите, театрите и сл. да остават инфо за збиднувањата кај нив. ( Изграден е од дрвени столбови, реупотребена маса, реупотребени засадени пластични шишиња и др реупотребени елементи.)
Седни размисли – Sead down and think e место каде може да се седне, да се размисли. Целта е да поттикнеме повеќе размислување и превземање одговорност. Повеќе пати да размислиме пред да кажеме нешто несакано. Предвиден е и простор каде младинските организации може да оставаат свои инфо/едукативни четива/флаери. (Изграден е од дрвени столбови, реупотребена столица, пластични реупотребен засадени шишиња и др реупотребени елементи.) Преку инсталацијата покажуваме дека и заедниците можат и треба да имаат можности за реинтеграција во општеството и можност за економски бенефит. Кај младите сакаме да ја пoттикнеме и подигнеме свеста за инклузивноста и личната и општествена одговорност.