Рекреативна употреба на дроги

0

Морализаторскиот израз на популарниот јавен дискурс кога е во прашање употребата на дроги посочува на двојните стандарди на македонското општество кое, пак, е сериозно зависно од кафе, од цигари, од алкохол и од седативи. Од друга страна, доколку супстанцијата е етикетирана од јавноста како дрога во стереотипна смисла на зборот (наспроти кафето, цигарите, алкохолот и седативите), дури и рекреативната употреба на дроги сè уште може да се третира како голема „опасност“. Наспроти тешките приказни за борбите со зависности, рекреативната употреба на дроги подразбира нешто сосема друго.

Без оглед дали се работи за ритуална или употреба во специјални прилики или, пак, „световна“ активност за релаксирање од интензивното секојдневие, рекреативната употреба на дроги подразбира секакви нијанси на позитивни искуства: задоволување на човековата потреба за трансцедентални искуства, едноставно опушање или стимулирање, до грижа за менталното здравје (употреба на ЛСД за третман на различни ментални нарушувања).

Рекреативната употреба на дроги подразбира и добра информираност, добро познавање на супстанцијата што ја користиме и на нејзиното влијание врз нашето тело, перцепцијата итн., препознавање на ситуации кои носат можен ризик и превенција на ризици, сè со цел употребата да стане ултимативно доживување и искуство.

Во контекст на врската меѓу културата и дрогите важно е да се започне со нормализирање на рекреативната употреба на дроги во македонското општество со деконструирање на овие прашања во јавноста, но и нормализација на државно ниво преку правната декриминализација на рекреативната употреба на дроги. Во овој број нудиме перспективи, ставови, искуства, анализи на секакви луѓе кои во многу нешта се разликуваат, но се спојуваат во афирмативниот став кон рекреативната употреба на дроги.

ПДФ издание ОНЛАЈН ИЗДАНИЕ

Leave A Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.