Кога животот се соочува со предизвици како употреба на психоактивни супстанции, најважна е поддршката. Во Центар за рехабилитација и реинтеграција, посветени сме на мисијата да им помогнеме на луѓето и нивните семејства да го променат својот живот на подобро и да најдат нов почеток.
Што сработивме во последно време?
Нашиот тим е секогаш во акција! Во изминатиот период, бевме фокусирани на:
– Индивидуални и групни средби: Средби на кои што секој може да добие психолошка поддршка и да ги сподели своите искуства.
– Работилници за целото семејство: За да ги зајакнеме семејните релации и да ги научиме децата и родителите како да се справуваат со тешкотиите.
– Практична помош: Обезбедивме социјална и правна поддршка за оние на кои им е најпотребна.
– Креативно изразување: Преку креативни работилници, им помогнавме на учесниците да ги изразат своите емоции и да го искористат талентот за личен развој.
Што следува?
Не застануваме тука! Наскоро, планираме да ги прошетаме нашите најмлади на спортски и културни настани и да ги претставиме уметничките творби од нашите работилници пред пошироката јавност. Ќе поканиме и нови уметници и млади луѓе да ни се придружат.
Со секоја нова активност, продолжуваме да градиме подобра иднина, чекор по чекор….
