Луѓето отсекогаш користеле (ПАС) и секогаш ќе користат. Мора да знаеме дека ПАС може да бидат опасни по животот и здравјето на луѓето, и таа опасност е се поголема кога трговијата е оставена во рацете на криминалните мрежи.
Многу работи кои што ги користеме, конзумираме или земаме учество во нив содржат ризични и опасни супстанци и поради тоа потребно е да се регулираат. Регулативата претставува управување со ризиците и нуди проверени решенија за заштита на луѓето ( особено на младите и најранливите категории ).
Со регулацијата се добива поголема безбедност и намален ризик, како што е досега во многу области: сообраќај, лекови, храна, хемикалии, снабдување со вода, квалитет на воздух и др. Истото треба да се направи и со (ПАС).
- Како да се регулира
Да не дојде до забуни, регулацијата не претставува слободна употреба за сите. Треба да се поддржат само внимателно дизајнирани системи за лиценцирање, кои се насочени кон заштита на корисниците, системи кои промовират пристап базиран на намалување на штети и се праведни. ПАС се широко достапни и можат да се најдат буквално на секој агол и може да ги купи секој без разлика на возраста. Без регулација не постојат стандарди за производот, нема заштита на купувачот, нема информации за безбедност или предупредување. Кога нема регулација навистина не се знае што се купува и од кого се купува, додека ризиците по здравјето и животот како и последиците можат да бидат огромни.
- Пет модели за регулација на ПАС ( кои ја одредуваат контролата за лиценцирањето а со тоа ги одржува ризици поврзани со ПАС). Регулативата е одговорна, прагматична и ќе спаси животи.
- На медицински рецепт или на местасо надгледување
- Модел на продажба на фармацевт специјалист. (пр. од аптека )
- Лиценцирани места за мало продажба.( пр. маркет ( продава алкохол ама не смееш да го испиеш внатре)
- Лиценцирани места за продажба и користење ( пр. кофи шоп)
- Нелиценцирана продажба (пр. кафе, кока чај и сл )
- Правната регулација е средна позиција помеѓу најтврдокорните приврзаници на неуспешната борба против дрогата од една страна и оние со либерални сфаќања кои веруваат дека дрогата треба да биде слободно достапна.
На секој крај од табелата се поставени нерегулираните пазари. Моделите за регулација се засноваат на тоа дека и двете од овие опции создаваат неприфатливо високи здравствени и социјални трошоци. Ова е така , затоа што, на двата краја, оние што ја контролираат трговијата се мотивирано исклучиво од високиот профит.