Утре од 12 часот преку ZOOM, ќе се одржи регионален состанок посветен на темата услуги за поддршка на децата во улични ситуации. Темата деца во улична ситуација/експлоатирани деца или млади ќе се обиде да ги донесе во внимание феномените на децата во улична ситуација, нејзината распространетост во секоја земја, контекстот и факторите што ги поттикнуваат децата да имаат контакти со уличната ситуација, циклус на експлоатација и корени на експлоатација и влијанието на условите на уличната состојба во нивната благосостојба.
Целта на овој состанок е споделување на улогата и одговорностите на јавните и не-јавните служби посветени на нивно идентификување, упатување, заштита и нивно третирање на краток и долг рок. Членовите на граѓанските организации и институциите од Западен Балкан ќе споделат предизвици и позитивни практики што треба да се споделат за нивно идентификување и реинтеграција во секоја земја.
Оваа активност има за цел да придонесе за вмрежување меѓу давателите на услуги на ГО и соодветните институции во регионот на СБ. На состанокот ќе присуствуваат членови на ГО кои обезбедуваат услуги за конкретни целни групи, како и претставници на релевантни институции. Целта на состанокот е членовите на граѓанските организации и институциите од земјите на СБ да ги разменат своите искуства и да споделат добри практики.
Проектот “Улогата на граѓанските организации од Западен Балкан во давање на социјални услуги и превенција на социјална ексклузија” e финансиран од Sida- Swedish International Development Agency, преку Balkan Civil Society Development Network.
Проектот се реализра на регионално ниво, во шест земји од Западен Балкан, вклучувајќи ги вклучувајќи ги ARSIS Organizatë Shoqërore e Përkrahjes së të Rinjve (Албанија), Asocijacija Margina (Босна и Херцеговина), HOPS (Северна Македонија), Qendra Labyrinth (Косово), Prevent (Србија), Nvo Juventas (Црна Гора).
Линк за следење на сесијата: https://us02web.zoom.us/j/84980553660?pwd=QjBLRDQ4MVVqdnhwbHNNMVhoZk9lUT09
Работниот јазик на состанокот ќе биде англиски.