Регионален состанок „Деца кои употребуваат дрога“

0

На 28 април во 12 часот преку платформата Зум, ќе се одржи регионален состанок на тема „Деца кои употребуваат дроги“. Средбата ќе биде посветена на размена на искуства и споделување добри практики во регионот поврзано со проблемите и предизвиците со кои се соочуваат државите и граѓанските организации во работата со деца и млади луѓе кои употребуваат дроги, како на пример достапност на здравствени и социјални програми за млади и деца кои користат дроги.

Проектот “Улогата на граѓанските организации од Западен Балкан во давање на социјални услуги и превенција на социјална ексклузија” e финансиран од Sida- Swedish International Development Agency , преку Balkan Civil Society Development Network.

Проектот се реализра на регионално ниво, во шест земји од Западен Балкан, вклучувајќи ги вклучувајќи ги ARSIS Organizatë Shoqërore e Përkrahjes së të Rinjve (Албанија), Asocijacija Margina(Босна и Херцеговина), HOPS (Северна Македонија), Qendra Labyrinth (Косово), Prevent (Србија), Nvo Juventas (Црна Гора). #BCSDN #regionalhub

Leave A Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.