Речиси 600 бебиња зависни од дрога, родени во Шкотска во 2015 година. Проблемот бил најлош во Глазгов и Клајд, каде што оваа бројка изнесувала 178 новороденчиња родени зависни од дрога во текот на последните три години.
Податоците од здравствените одбори покажале дека 584 новороденчиња – што било еквивалентно на речиси четири во неделата – биле родени со синдром на неонатална апстиненција (NAS) во текот на овој период.
Либералдемократите, кои ги добиле официјалните бројки, изјавиле дека Шкотска треба да има „попрогресивна” политика за справување со злоупотребата на дроги.
Шкотскиот здравствен портпарол Алекс Кол-Хамилтон изјавил: „Во просек, во Шкотска секој втор ден се раѓа ново бебе кое што е зависно од дрога. Тоа се ужасни околности под кои ќе го направите првиот здив”.
Бебињата кои што се родиле со синдром на неонатална апстиненција , предизвикана од пренесувањето на дејството на дрогата од мајката на нејзиното неродено дете во текот на бременоста би можеле да страдаат од поширок спектар на симптоми, вклучувајќи треперење, хиперактивност и гласно плачење.
Бројот на новороденчињата кои што биле евидентирани како заисни од дрога варира од 2013 година во 2015-16, на 190 во 2016-17 и 191 во 2017-18.
Проблемот бил најлош во областа Глазгов и Клајд, со бројка од 178 новороденчиња родени зависници од дрога во текот на овие три години.
Таисајд регионот располагал со податоци со бројки за родени бебиња кои се зависни од дрога во календарските години 2015, 2016 и 2017 година вкупно 61 во текот на овој период.
Г-дин Кол-Хамилтон изјавил дека проблемот со раѓањето на бебиња зависни од дрога „може да се избегне со вистинска комбинација на политики и поддршка за да им се помогне на оние коишто употрабуваат дрога, така што би биле заштитени тие и идните генерации”.
Тој изјавил: „Ако шкотската влада е решена да му го овозможи на секое шкотско дете најдобриот почеток во животот, треба да преземе прогресивен пристап кон политиката за дроги и да се справи со ужасните нивоа на злоупотреба на дрога, доживотни зависности и непотребни смртни случаи”.
„Партнерствата за алкохол и дрога се соочија со големи проблеми со бруталните штрајкови на шкотската влада кои чинеа 20 милиони фунти. Секторот е сеуште во закрепнување, локалните капацитети се исцрпени и овие вознемирувачки статистики покажуваат колку се погрешно проценети и колку биле опасни одлуките. Не смееме да дозволиме ова да се случи повторно”.
„Потребна ни е и нова национална стратегија која конечно е фокусирана на третирање на злоупотребата на дрога како здравствено прашање, поддршка на луѓето, наместо да ги криминализираат и казнуваат.”
Портпаролот на шкотската влада исто така изјавил: „Ние сме посветени да му го овозможиме на секое дете најдобриот почеток во животот”.
„Нашата нова комбинирана стратегија за дрога и алкохол, која ќе биде објавена во текот на следните недели, ќе биде фокусирана на тоа како услугите можат да се прилагодат за да ги задоволат потребите на оние кои имаат најголема потреба – вклучувајќи ги и оние кои не се подготвени да се апстинираат од употреба на дрога”.
„Неодамна објавивме дополнителни средства за намалување на штетите предизвикани од алкохол и дрога, со што вкупниот број е предвиден да биде повеќе од 70 милиони фунти оваа година”.
„Ова е во прилог на 746 милиони фунти што ги инвестиравме за борба против употребата на алкохол и дрога од 2008 година”.