Со започнување на реализација на проектот “Превенција на КОВИД-19 меѓу лица кои употребуваат дроги, сексуални работници и нивните семејства” финансиски поддржан од Владата на Република Северна Македонија, преку Програмата за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации за мерки за справување на КОВИД-19 кризата, се спроведуваат неколку видови на активности меѓу кои:
- Материјална помош за луѓе кои употребуваат дроги, сексуални работници и нивните семејства.
- Дистрибуција на информативно- едукативни материјали за превенција од КОВИД-19.
- Едукации помеѓу нашите корисници на услуги за заштита од КОВИД-19.
- Лекови- имуностимуланси.
- Заштитна опрема.
- Хигиенски материјали за непречено функционирање на работата во центрите на ХОПС.
Во изминативе три месеци беа обезбедени и поделени 150 хигиенски пакети и пакети со храна, од кои 135 хуманитарни пакети се поделени на нашите корисници на услуги и нивните семејства и 15 пакети за бездомни лица односно луѓе кои употребуваат дроги и сексуални работници кои немаат постојано место на живеење.
Покрај овозможување на материјална помош, тимот на ХОПС спроведе и 160 едукации за превенција од КОВИД-19 ( 141 едукација помеѓу ЛИД и 59 едукации со СР) при што се дистрибуирани и 462 информативно печатени материјали кои содржат совети за заштита од вирусот КОВИД-19.
Грижата за здравјето на нашите корисници на услуги во време на пандемија ја потврдуваме и со можноста за добивање на бесплатни имуностимуланти кои ќе го подобрат имунитетот и ќе доведат до намалување и спречување на вирусот КОВИД-19.
Исто така, благодарение на овој проект, центрите на ХОПС, се опремени со хигиенски материјали и заштитна опрема за ангажираните лица, кои ги посетуваат дневните центри и спроведуваат теренски активности.