На веб страна на ВЕСТ, на 14 февруари објавен е текст со наслов „По најавата дека канабисот ќе се легализира за медицински цели масло од мархуана се бара дваесет пати повеќе“ во кој во повеќе наврати цитирате дека дадените информации се дадени од Здружението ХОПС Опции за здрав живот Скопје.
За дадениот текст Ваша новинарка побара изјава од ХОПС за што го доби следното како информација:
- Ставот на организацијата во однос на предложениот закон за измена и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци што меѓудругото подразбира канабисот во повеќе форми да биде доставен како лек, не само во форма на масло и да може да го препишуваат повеќе специјалисти;
- Анализата која ХОПС ја направи за предложениот Закон која покажа дека со законот се огничуваат состојбите за кои ќе се препишува лекот;
- Информација дека побарувачката за масло порасна последните години од кога порасна и потребата (не по најавата за законот) и дека е генерално зголемена е цената (а не 20 пати како што стои во текстот).
Како организација не сме дале изјава за цената на маслото, како и за начинот на употреба. Информациите за цените ги добиваме од корисниците и лица кои се јавуваат кај нас, но ние не соопштивме никакви цени.
Поради тоа бараме да го корегирате текстот соодветно на дадените изјави од ХОПС и да се избрише ХОПС од цитатите за кои не сме дале изјава.
Со почит Христијан Јанкулоски – извршен директор.