На 20 ти август во 18 до 20 часот во Градскиот парк (карши паркот за кучиња) со радост ве каниме на претставување на инсталација „РЕ Употреби го умот“. Ќе ни биде чест да дојдете и да се запознаете со нашето дело, да се подружиме и да го залееме со љубов и заеднички желби за подобар соживот.
Дојдете да ѕенѕаме на музиката на DJ Chvare, дојдете да се запознаете со нашиот тим кој со месеци работи на овој проект сo трпение, посвета и љубов.
ХОПС – Опции за здрав живот Скопје спроведува акциски грант од Civica Mobilitas, чија цел е општествена интеграција и социо-економско зајакнување на луѓето во социјален ризик во Скопје, преку нивно активно вклучување во активности во локалната заедница.
„РЕ Употреби го умот“ е инсталација која има 4 лица и во нив се вградени повеќе од 400 реупотребени пластични шишиња, 6 реупотребени палети, 160 растенија, 400 литри земја и минерал, 7 пара вредни раце, многу љубов и желби за заедништво.
Инсталацијата индиректно претставува визија на луѓето кои употребуваат дроги.. „РЕ Употреби го умот“ има за цел да влијае на свеста на околината, овозможувајќи учество во креирање и реализирање на идеите за квалитетно заедничко живеење, еднакво за сите.
* Завземи став – Take a Stand, представува зелен вертикален урбан простор кој овозможува изразување на позитивниот став на младите.
* Биди зелен – Go Green – е вертикална градина. Ова е градина во која се насадени желби и надеж и за подобра заедничка иднина. Декорираните пластични садови кои се претворени во ликови, се совршен симболичен приказ на тоа дека всадувањето и одгледувањето позитивни мисли и практики во човековиот ум, води кон зелена заедничка иднина. Да си пружиме рака и заеднички да ја израснеме нашата иднина.
* На астал – On The Table – произлегува од „Да седнеме на астал“, на трпеза и да разговараме, картите на маса. Симболично, заедниците го повикуваат општеството, да седнеме на астал и да отпочнеме дискусија за предизвиците и нивно решавање.
* Седни размисли – Sit down and think e место каде може да се седне, да се размисли. Целта е да поттикнеме повеќе размислување и превземање одговорност. Повеќе пати да размислиме пред да кажеме нешто несакано.
Преку инсталацијата покажуваме дека и заедниците можат и треба да имаат можност и за реинтеграција во општеството и можност за економски бенефит. Кај младите сакаме да ја поттикнеме и подигнеме свеста за инклузивноста и личната и општествена одговорност.
Благодарност до Civica Mobilitas, Град Скопје, ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје / NP “Parqe dhe gjelbërime” – Shkup и Флораком затоа што ја препознаа вредноста на оваа акција и помогнаа во нејзино реализирање. Инсталацијата ќе биде изложена подолго од еден месец.
Овој настан ќе се реализира според сите протоколи за Ковид, издадени од владата. #реупотребигоумот #цивикамобилитас #civikamobilitas