Ширум светот во 2017 година имало вкупно 585.000 смртни случаеви поврзани со дрога, а над 70.000 луѓе ги загубиле животите во САД како резултат на употребата на дрога. Во Канада, стапката на смртност поврзана со употребата на опиоиди се зголемила од вкупно 3.000 во 2016 година на скоро 4.000 смртни случаеви во 2017 година.
Не претеруваме кога ние, лицата што користиме дроги велиме дека се бориме да ја преживееме оваа епидемија на смрт. Иако првичните бројки покажале многу мал пад на бројот на смртни случаеви во САД во 2018 година, повеќе Американци сепак умреле од предозирање со дрога таа година отколку што биле убиени за време на Виетнамската војна.
Владите продолжуваат кривично да ги гонат и да ги казнуваат лицата што користат дроги – додека на мизеријата со која се соочуваат овие лица реагираат со летаргија.
Стигмата и дискриминацијата се во срцето на оваа неактивност. Не превземањето никаква активност за нашите смртни случаеви и смртта на оние што ги сакаме е манифестација на распространетата омраза и предрасудите против нашите заедници.
Ние не ги губиме нашите права поради тоа што употребуваме супстанциите. Лицата кои користат дроги се исто луѓе како и другите, тие се: мајки, татковци, сестри, браќа, пријатели и вредни и продуктивни членови на општеството. Исто како и секоја угнетена и маргинализирана група во историјата, ние одбиваме да бидеме отфрлени како колатерална штета.
Ние, како активисти кои се бориме за правата на корисниците на дрога, застапници и организатори на заедницата од целиот свет, знаеме што е потребно за да се стави крај на оваа епидемија на смртнст од предозирање. Затоа бараме владите, медиумите, здравствените работници и пошироката јавност ширум светот да:
1) Ја декларираат епидемијата на предозирање итно како здравствен проблем и распределба на потребните ресурси за справување со смртни случаеви на предозирање
2) Воведат / обезбедат безбедна набавка на легални и високо квалитетни дроги базирани на личен избор на лицето кое што користи дроги
3) Обезбедат поддршка за отварање на соби / простории за безбедно инјектирање на дрога, така што лицата кои користат дроги ќе можат да го прават тоа на сигурен и безбеден начин. Овие простории треба да се лоцираат и да работат на начини достапни и засновани на заедницата
4) Налоксон да биде достапен и лесен за набавување. Програмите за диструбуција на налоксон во заедницата, најверојатно, ќе бидат успешни, бидејќи преку нив најлесно ќе стигне до лицата кои користат дроги.
5) Да се залагаат за декриминализација на дрогата и за лицата кои користат дроги, како и за сродно криминализираните популации, како што се сексуалните работници и ЛГБТИ заедниците; и понатаму да се истражува и корегира начинот на кој се користи војната против дрогата за непропорционалното криминализирање на маргинализираните групи, како што се луѓето со темна боја на кожата, сиромашните луѓе и / или геј и трансродовите лица
6) Значајно вклучување на луѓе кои користат дроги во дизајнирање, имплементација и следење и оценување на политиките, истражувањата и програмите
Целиот повик за оваа акција можете да го прочитате ТУКА