Оваа трета забава на Rainbow Shots која ќе се случи на 16 март во Нано Бар, има за цел прибирање на средства за шелтер центарот Сигурна куќа во Скопје. Средствата ќе се користат за финансирање на пристапот на корисниците на Сигурната куќа до здравствена заштита и лекови.
Ова прибирање на средства вклучува второрачен пазар за “vintage” облека, обувки и модни додатоци (14:00 – 18:00), по што следува аукција на највлијателните модни парчиња (20: 00 – 21: 30).
Сите модни парчиња се донирани од страна на членовите и пријателите на Rainbow Shots. Ако самите имате убави фустани, костими, панталони, потпетици, обетки или друго модно парче за донирање: донесете ги во Нано Бар секој ден до 16ти март најдоцна до 20:00 часот.
Музичките хитови на Rainbow Shots започнуваат во 21:30 часот. Нив ги води DJ Gold Dust, музичкиоот селектор на Rainbow Shots. Плејлистата ќе ја сочинуваа строго песни што имаат во нивните насловни зборови како мода, поза и нешто слично на облека, обувки и додатоци.