Како дел од циклусот на едукации за практични животни вештини, во Дневниот центар за рехабилитација и ресоцијализација на ХОПС, се одржа работилница за приготвување на храна.
Работилницата ја реализира Стојан Андонов – окупационен терапевт. Овие едукации се дел од проектот „Иновативни социјални реформи за вработување на маргинализирани заедници“. Се приготвуваше фалафел од страна на корисниците на услугите на ХОПС.