Во периодот од 15.05 до 21.05 во Белград се одржа работилница за подобрување на социјалната инклузија и заштита на човековите права на млади луѓе кои што употребуваат дроги во организација на YODA – (Youth Organisations for Drug Action in Europe)
На оваа работилница присуствуваа претставници од 12 земји, Белград, Лондон, Полска, Романија, Босна, Црна Гора, Словачка, Белгија, Албанија, преставник од Советот на Европа, Бугарија и Македонија, која беше претставена од членови на ХОПС, Катерина, Симона и Радомир.
Симона: На оваа обука се разговараше на различни проблематики, кои што со формирање на групи од различни земји и со споделување на искуства од секоја земја се бараше решение за дадениот проблем.
Како клучни проблематики кои се опфатени на работилницата се: споредување на кривични казни поврзани со употреба на дрога од секоја земја, третмани за лекување на млади лица од зависности, програми за размена на опрема во затвор и програми за ресоцијализација во затворите, прекршување на човековите права во затвор.
Симона: Се стекнавме со многу нови искуства и го проширивме нашето знаење со споделување на примери од сите земји. На крајот од секоја сесија се даваа препораки за подобрување на заштитата на човековите права. Можам да кажам дека беше прекрасно искуство и ми беше чест што бев дел од оваа работилница.