Денес, 30 мај, во хотел Порта се реализира работилница на тема „Контуинирано обучување на параправници“. На самата работилница се опфатени три тематски сесии:
– Дискриминација и механизми за заштита;
– Поставување граници меѓу приватна и професионална комуникација;
– Искуства од терен, проблеми со кои се соочиле ангажираните параправници;
Осум параправници ангажирани од ХОПС и по еден претставник од НВО од Струмица, Гостивар, Охрид и Стар Стар од Скопје се дел од истата.
Воедно на 01 и 08 јуни ќе се реализираат работилници со деца од Јавната установа за деца и млади со воспитно социјални проблеми. Темата на првиве две (од предвидените четири) работилници ќе биде: „Подобрување на сликата за себе“ и „Градење на позитивна слика кај децата.“