Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје во рамки на регионалниот проект „Одржливост на услуги за клучни популации во Источна Европа и Централна Азија“ поддржан од Глобалниот Фонд за борба против ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија, ја фацилитира работилницата на мултисекторска работната група за изготвување на Национална стратегија за дроги 2021-2025 и Акциски план 2021-2023.
Мултисекторската работна група е формирана со решение од Министерот за здравство, а ја сочинуваат претставници од сите релевантни министерства, државни институции и граѓански организации. Работилницата се одржува во Охрид во периодот од 14 до 18 септември 2020 година.
Целта на оваа работилница е да се подготви новата Националната стратегија за дроги 2021-2025, која до крајот на годината треба да биде усвоена од Владата на Република Северна Македонија.