Рускиот претседател Владимир Путин им нареди на федералните извршни власти да развијат ново законодавство со кое ќе се криминализира “поттикнувањето, употребата или размножување на наркотични материи и психотропни супстанции со помош на информатичката и телекомуникациската мрежа, позната како Интернет”.
И сега, поттикнувањето за користење на дроги во Русија, претставува прекршување на законите, но е казниво со пониски парични казни. До сега немало конкретна казна за сторено онлајн дело.
Во склоп на ова, Путин му наредил на Министерството за внатрешни работи, кое функционира и како федерална полиција, да разработи план за вработување на нови членови кои ќе го следат онлајн криминалот со дроги. На крај, наредил и владина помош за финансирање на организации кои ќе работат за заштита од употреба на дроги или ќе нудат сервиси и помош за рехабилитација.
Новите мерки следат после состанокот со Алексеј Свиридов, член на движењето Силна Русија, кој го предупредил Путин за опасностите од “нарко – адвертајзингот”, кој што тој го опишал како збир на “домејни и електронски адреси, каде што тинејџерите или другите жители можат лесно да пристапат и преземат (дрога)”, додавајќи “дури може да се плати во биткоини, преку текст пораки и онлај четови”. Свиридов тука му напоменал на претседателот и за движењето наречено “Трезна Русија” и нивните напори за борба против употребата на дрога.