Пациентите кои земаат псилоцибин за лекување на депресија покажуваат намалени симптоми, неколку недели по третманот по “ресетирањето” на нивната активност на мозокот – покажува новото истражување на Империал колеџот во Лондон.
Истражувањето кое беше објавено во списанието Scientific Reports,открива дека придобивките од лекот траат до пет недели по третманот. Психоделичното соединение може ефективно да ја ресетира активноста на клучните мозочни кола кои се познати дека играат улога во депресијата.
На субјектите кои биле испитувани, прво им е скениран мозокот пред третманот и по третманот. Сликите откриле промени во активноста на мозокот, поврзани со обележани и трајни намалувања на депресивните симптоми. Авторите забележуваат дека иако првичните резултати од експерименталната терапија се возбудливи, но сепак ограничувачки поради малиот број на лица врз кои се прави истражувањата како и на контролна група – како што е пласибо група.
Д-р Робин Кархарт – Харис, раководител на психоделично истражување на Империјал, кој ја предводел студијата, изјавил: „За првпат покажавме јасни промени во мозочната активност кај депресивни луѓе третирани со псилоцибин откако не реагирале на конвенционалните третмани”.
„Неколку од нашите пациенти опишаа чувство на “ресетирање” по третманот и често користеа компјутерски аналогии. На пример, еден рече дека чувствувал дека неговиот мозок бил “дефрагментиран” како компјутерски хард диск, а друг рече дека се чувствувал “рестартиран”.
Псилоцибинот може да им даде на овие поединци привремен “Kick start” што им е потребен за да излезат од нивните депресивни состојби и овие резултати од сликањето привремено ја поддржуваат аналогијата за “ресетирање”. Слични ефекти на мозокот како овие биле забележани со електроконвулзивна терапија. Во текот на студијата 20 пациенти добиле две дози од лекот (10 mg и 25 mg), со втора доза една недела по првата. Деветнаесет од нив биле подложени на почетна слика на мозокот, а потоа и второ скенирање еден ден по третманот со високи дози.
Кархарт – Харис и тимот користеле два главни методи за снимање на мозокот и за мерење на промените во протокот на крв и преслушување помеѓу мозочните региони, при што пациентите ги пријавуваат своите депресивни симптоми преку комплетирање на клинички прашалници. Веднаш по третманот со псилоцибин, пациентите пријавиле намалување на симптомите на депресија, што одговара на анегдотски извештаи за ефект на “after glow”, кој се карактеризира со подобрување на расположението и олеснување на стресот.
Функционалното снимање на МРИ покажало намален проток на крв во областите на мозокот, вклучувајќи ја и амигдалата, мал регион во форма на бадем во мозокот, кој се знае дека е вклучен во процесирањето на емоционалните реакции, стресот и стравот. Тие исто така, откриле зголемена стабилност во друга мрежа на мозокот, претходно поврзана со непосредните ефекти на псилоцибинот, како и со самата депресија.
Овие наоди обезбедуваат нов прозорец во она што се случува во мозоците на луѓето, откако тие се “спуштиле” од психоделичен процес, каде почетната дезинтеграција на мрежите на мозокот за време на патувањето со дрога е проследена со реинтеграција потоа.
Професорот Дејвид Натт, постар автор на студијата, рекол: „Потребни се поголеми студии за да се види дали овој позитивен ефект може да се репродуцира кај повеќе пациенти. Но, овие првични наоди се возбудливи и обезбедуваат уште една можност за истражување која ќе се истражува “.
Извор: https://www.spectator.co.uk/