Во склоп на проектот „Унапредување на менталното здравје и заштита на здравствените и социо-економски права на маргинализираните заедници за време на пандемија “овозможен од Влада на Република Северна Македонија, психошкиот сервис од месец август активно започна да ги спроведува предвидените активности.
Со оглед на актуелната состојба со пандемијата психолозите овозможија советувања во однос на последиците од КОВИД-19, псисхотерапии за надминување на последиците од пандемијата, односно последиците врз менталното здравје и процесот на имунизација.
Од констатираните клиенти може да се забележи дека истите ги почитуваат протоколите на владата, информирани се за вирусот и начинот на пренесување, последиците од истиот. Нашиот впечаток е дека лицата кои употребуваат дроги и сексуалните работници започнуваат се повеќе да ја прифаќаат имунизацијата, односно дел се вакцинирани. Кај дел од клиентите е забележан проблем со документите потребни за имунизација, но тие беа препратени кај социјален работник со цел овозможување на истите.