Во последните неколку години во истражувањата се покажува дека луѓето кои користат психоделици се значително помалку подложни на ментални здравствени проблеми, вршење семејно насилство, страдање од психолошки стрес и самоубиствени мисли. Воедно последните истражувања покажуваат дека терапијата со психоделици со помош на психотерапијата може да биде ефективен третман за луѓето се борат со тешки состојби како што е користење на опоидни супстанци.
Нова студија e објавена во Journal of Psychopharmacology која покажува дека психоделиците како ЛСД и псилоцибин печурки се поврзани со намален ризик од опоидна злоупотреба. Со употреба на психоделици дошло до намалување за 27 проценти на зависноста од опидност од претходните години и 40 проценти намален ризик од злоупотреба на опијати. Користењето на канабис го намалил ризикот за злоупотреба на опоиди за 55 проценти.
Студијата се базира вез основа на шест годишни податоци од Националната анкета на федералната влада за употребата на дроги и здравје (NSDUH), која испитува по 70.000 луѓе секоја година. Иако наодите се далеку од причинско-последични, авторите заклучуваат дека поврзаноста помеѓу употребата на психоделици и злоупотребата на опоиди е “продорна и значајна” и се укажува на тоа дека психоделиците се поврзани со позитивни психолошки карактеристики и се во согласност со претходните извештаи, кои укажуваат на ефикасност во лекувањето при нарушувања од злоупотреба на супстанци. Луѓето кои користеле супстанции како ибогаин, канабис или кратом, потврдиле дека со нивна конзумација имале посреќен и поисполнет живот. Сепак се потребни повеќе истражувања за да се утврди точно зошто е толку силна корелацијата помеѓу употребата на психоделиците и намалувањето на ризиците од опиоидната злоупотреба.
На многумина овие супстанци им помогнале да ја намалат или да се откажат од употребата на опиоди, или други супстанци кои воделе кон зависност и нарушувања. Безбеден пристап до супстанците, заедно со 911 добрите Самарјанини закони (спречување на смртни случаи од предозирање и спасување на животи), пристап до налоксон, соби за безбедно инјектирање, разни форми на терапија и секако ставање крај на криминализацијата на употребата на дроги, треба да се дел од секоја дискусија за справување со зависност и високите стапки на смртни случаеви од предозираност.
Терапијата за употреба на психоделични супстанци може да биде одобрена од ФДА во следната декада, тоа сепак нема да ги промени казните со кои што се соочуваат милиони луѓе кои што употребуваат опиоди надвор од владините санкционирани и медицински надгледувани места. Со оглед на широкиот научен конзенсус за тоа дека употребата на дроги се третира како здравствен проблем, нема причина луѓето кои што употребуваат психоделични дроги да се сметаат за криминалци, особено со оглед на тоа дека се казнуваат луѓе кои се дискриминирани врз основа на бојата на кожата, како и други маргинализирани групи.
Оваа студија исто така нѐ принудува да размислуваме за тоа зошто политиките за апстиненција можат да бидат штетни и контрапродуктивни воедно е показател дека користењето на психоделични дроги има посебно значење за овие луѓе и дека тоа има значајно влијание врз здравсвената состојба и криминалните парадигми.
Извор: http://www.drugpolicy.org