Имаме чест да го претставиме првиот од трите проекти за кои ХОПС додели грантови во рамки на регионалната иницијатива #ARYSEN поддржана од Европската Унија. Проектот “Образовна програма за деца од предучилишна возраст” на Дендо Вас има за задача да придонесе за еднаков пристап на ромските деца кои се во социјален ризик и се од многу сиромашни семејства за нивно максимално вклучување во предучилишниот процес, подигање на свеста за важноста на предучилишното образование за Ромските деца меѓу родителите и другите членови на семејството, со цел да се обезбедат услови за еднаков почеток и развој на потенцијалите на децата Роми.
Во активностите ќе бидат вклучени 40 ромски деца на возраст од 5 години, од најсиромашните семејства во Шуто Оризари.
Со секојдневната предучилишна програма за децата ќе се подобрат (изградат) нивните јазични капацитети и когнитивни вештини, со цел да бидат подготвени за регистрација во училиште и во Септември 2019 година да го започнат првото одделение.
Проектот, исто така, ќе работи на подобрување на родителските вештини преку креативни и едукативни работилници, а за родителите ќе се спроведат и едукативни работилници за градење на нивните капацитети за наоѓање работа.
Им честитаме на Дендо вас за досегашните достигнувањата и им посакуваме успешна работа и видливи резултати со дечињата во Шуто Оризари.