Во октомври 2013 година Здружението ХОПС — Опции за здрав живот Скопје и Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници” го објавија првиот број на списанието ДРОГИ — ПОЛИТИКИ И ПРАКТИКИ.
„Дроги — Политики и практики” се стреми да понуди поинакви гледишта на политиките и практиките за дрогите и употребата на дрогите, да образува поширока публика, да обезбеди поголема видливост на корисниците на дроги и да поттикне интердисциплинарен дијалог за изнаоѓање соодветни и хумани решенија за наведените општествени предизвици.
Целта на темата на првиот број, „Третман на зависности од дроги”, е да се развие дијалог за улогата на пациентите во лекувањето на зависностите од дроги и да се нагласи потребата за
интердисциплинарен пристап во третманот на зависностите од дроги.
Промотивното видеото во продукција на Социјален маркетинг – ХОПС во соработка со Screaming Snails Production.