Во Велика Британија се отвори првата соба за консумирање на дроги. Вака ќе им се овозможи на корисниците на хероин и кокаин да инјектираат безбедно додека ќе бидат под надзор.
Корисниците ќе седат во одделни кабини, во кои ќе има чисти шприцови и светло, за да им се овозможи безбедно да инјектираат.
Деб Хуси од Bristol Drugs Project, вели дека целта на безбедните соби е да се намалат штетите од дроги.
Таа рече: „Луѓето инјектираат дроги, луѓето ги користат овие дроги, ајде да им дозволиме да ги користат побезбедно. Додека тие имаат пристап до услуга како оваа, можеме да разговараме со нив за правење промени околу нивната употреба на дрога“.
Бристол има интерес да се справи со употребата на дроги, затоа што стапката на смртност во градот е за 60% повисока од националниот просек.
Мартин Пауел, од Transform Drug Policy Foundation, вели дека во моментот корисниците инјектираат во валкани услови како што се темни и запустени улици, што го зголемуваат ризикот од инфекции.
Особено е опасно да се инјектираат дроги на вакви места, затоа што е гнасно и нехигиенско и можат да се заразат инфекции, и затоа што никој не може да види што се случува.