Музејот за политиките за дроги е поп-ап уметност и културен центар со програми за живеење и уметност од целиот свет, со кои се истакнува како влијаат политиките за дрога и како ги обликуваат нашите заедници. Музејот обезбедува моќно, емоционално искуство кое ги илустрира штетите предизвикани од актуелните прохибилистички политики за дроги и се залага за нови пристапи вкоренети со достоинството, здравјето и човековите права. Овој бесплатен настан од денес до петти ноември, ќе ја пренесува публиката низ целиот свет и ќе ги поттикне посетителите да размислуваат и да дејствуваат надвор од кутијата.
Музејот за политиките за дроги е поддржан од фондацијата Отворено општество и првпат беше лансиран во Њујорк во април 2016 година. По Њујорк и Монтреал, музејот започнува денес во Лондон со интерактивна изложба за тоа како законите за дроги ги обликуваат општествата. Се’ ова ќе биде видливо преку уметност, ќе се случуваат и дебати и перформанси за да ја доведат темата во живот.
Линк до ивентот кој го организираше Release, кој е центар на експертизата за дроги и закони поврзани со дроги во Велика Британија. Тие ќе бидат домаќини на Музејот како дел од 50-годишнината. Тие обезбедуваат бесплатни неосудувачки, специјалистички совети и информации за јавноста и професионалци за прашања поврзани со употребата на дрога и законите за дроги од 1967 година.