Со пораката „Јас сум повеќе од она што се случи“ , УНИЦЕФ во соработка со Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Делегацијата на Европската Унија, отпочнува нова кампања за подигање на свеста за влијанието на психолошките трауми врз децата што доаѓаат во контакт со правосудниот систем.
На првиот панел говорници беа министерот за правда проф. Др. Никола Тупанчески и министерката за труд и социјална политика г-ѓа Јована Тренчевска. Претставниците на владата говореа за што досега е направено со цел секое дете да има пристап до правда, но и што треба да се направи во иднина.
Бидејќи и министрите но и претставниците на Уницеф и ЕУ во своите воведни говори акцент ставија на мултисекторскиот и холистички пристап, директорката на ХОПС во дискусијата после овој панел зеде збор потенцирајќи дека сепак одредени институции не се вклучени во мултисекторскиот пристап доволно или воопшто. Таа потенцираше две работи поврзани со ова.
За тоа директорката на овој форум побара од двајцата високи претставници на владата, да се обратат до своите колеги од Министерство за здравство и Министерство за образование како преку мултисекторска соработка и усвојување и воспоставување на наведените мерки би се постигнала правда за секое дете.
После ова, збор зеде министерката за труд и социјална политика која пред присутните се обврза да ги контактира своите колеги министри од ресорот здравство и образование како би се забрзало усвојувањето и имплементација на овие важни програми односно реформи.