Родовите улоги според систем на општествениот вредности.
Според систем на вредности што преовладува во Македонија, а кој се смета за дел од балканскиот „менталитет“, јавната сфера им припаѓа исклучиво на мажите, а приватната сфера на жените. Врз основа на тоа се смета дека жената е инфериорна во однос на мажот, а во феминистичката литература и во литературата за човековите права се инсистира на тоа дека речиси во сите краеви на светот жените се тие што се почесто дискриминирана и изложени на семејно насилство, а заради родовите стереотипи се поранливи на ХИВ/СИДА и други сексуално и крвно преносливи инфекции. (Ашталковска 2005: 170-187; Светиева 2003: 120-135; Светиева 2001: 26-42; Гавриловиќ 2005: 40-62; Commonwealth Secretariat 2002).
Сепак, и покрај тоа што во поново време антрополозите не се согласуваат со родовите стереотипи според кои жените се инфериорна во однос на мажите (Ашталковска 2005: 170-187; Светиева 2003: 120-135; Светиева 2001: 26- 42), овој документ нема да навлегува во подлабоки расправи за реалните родови улоги, туку ќе се задржи на стереотипите за претпоставените родови улоги кои беа воочени преку теренското истражување. Целта на ваквиот пристап е да се прикаже ранливоста на ХИВ/СИДА заснована на родовите улоги и стереотипи која важи и за мажите и за жените, а особено за трансродните лица.
Целото истражување може да го прочитате ТУКА.