Оваа проценка го утврдува степенот на вклученоста на родовата перспектива во националниот одговор на ХИВ/СИДА во Р. Македонија. Тргнувајќи од првичната оценка дека родовите аспекти не се доволно присутни во националниот одговор и дека е потребно родовата димензија да стане негов интегрален дел, целта на проценката е да ги претстави и прикаже главните претпоставки на еден родов интегриран пристап на ХИВ/СИДА.
Согласно проектните задачи, во чии рамки е развиено ова испитување, задачата на проценката е да ги адресира недостатоците на стратешките информации потребни за ефикасно програмирање во контекст на родот и ХИВ/СИДА, да го продлабочи разбирањето и да го зголеми знаењето на родово заснованата ранливост на жените на ХИВ/СИДА и да ги идентификува родовите аспекти на релевантните политички прашања од областа на ХИВ/СИДА.
Според вака поставените цели и задачи на испитувањето и изготвувањето на извештајот, беше потребно да се формулира пристап кој ќе биде најсоодветен на поставените барања. Во продолжение ќе биде претставен избраниот пристап на испитувањето, обемот на неговото важење, ограничувањата и предностите што тој теоретски и практично ги носи, како и проблемите со кои се соочивме при неговото доследно применување.
Прочитајте го целиот извештај: „Проценка на родово поврзаните прашања со ризикот од ХИВ/СИДА и на пречките што го условуваат рамноправниот пристап до соодветни услуги за превенција и лекување на ХИВ/СИДА“.