Законот за спречување и заштита од дискриминација повеќе од 8 месеци е заглавен во Собранието. И покрај јавното ветување на пратениците од СДСМ, дека Законот ќе се усвои во најкус можен рок, на пленарната седница во четвртокот (7 март), без никаква оправданост и образложение, Претседателот на Собранието ја прескокна точката за гласање на овој закон од дневниот ред.
Со ова, Собранието уште еднаш потврди дека потребите на граѓаните не му се приоритет на сегашното парламентарно мнозинство. Пратениците без проблем изнајдоа политички консензус за бројни закони со кои си самододелија уште повеќе привилегии, со кои се воведуваат нови работни позиции за вдомување на партиски кадри и се амнестираат лица за кои се покренати судски постапки. За волја на вистината, донесоа и низа закони со кои се попречува правдата, се разбира, на штета на граѓаните.
Со неусвојувањето на овој Закон, пратениците и натаму покажуваат дека не им пречи што граѓаните се дискриминирани и лишени од механизми за заштита од дискриминација, особено оние кои се дел од ранливите групи и малцинства во државата.
Силно ја осудуваме реториката која ја користат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на парламенатарната говорница, со која не само што ги етикетираат маргинализираните заедници, туку и отворено поттикнуваат дискриминација и насилство кон нив.
Затоа, ги повикуваме пратениците од најголемите политички партии од мнозинството, СДСМ и ДУИ, ИТНО ДА ГО УСВОЈАТ ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА на собраниската седница во понеделник и конечно да се одважат и да застанат на страната на граѓаните!
Ги повикуваме сите граѓани кои имаат 0 толеранција за дискриминиацијата да ни се придружат денес од 10 часот пред Собранието на Република Македонија, за да заедно ги потсетиме народните избраници дека правата на граѓаните не смеат да бидат условени од личните ставови и партиските игри!
Национална мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата
______________________________________________________
Уште еднаш ја информираме јавноста дека Предлог-Законот за спречување и заштита од дискриминација забранува дискриминација врз основа на раса, боја на кожа, потекло, национална или етничка припадност, пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет, припадност на маргинализирана група, јазик, државјанство, социјално потекло, образование, религија или верско уверување, политичко уверување, друго уверување, попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, лично својство и општествен статус или која било друга основа.
Со Законот конечно би се надминале постоечките недостатоци во претходниот закон затоа што:
• се професионализира Комисијата за заштита од дискриминација, се воведуваат построги критериуми за избор на комисионерите и се предвидува спроведување на јавен избор на комисионерите;
• се воведуваат пократки рокови на постапката за заштита од дискриминација;
• се зајакнува независноста на Комисијата за заштита од дискриминација и зголемуваат нејзините надлежности;
• се предвидува и ослободување од плаќање на трошоци за судски такси за граѓаните коишто ќе поведат постапка за дискриминација;
• се препознава сегрегацијата како посебен облик на дискриминација, особено важна за ранливите групи кои секојдневно се соочуваат со неа (лицата со попреченост, Ромите и други ранливи групи) и
• се овозможува тужба за заштита од јавен интерес (actio popularis), со што се овозможува и неформални групи и организации да можат да поднесат претставка во име на граѓаните во случај кога се дискриминирани поголем број лица.
Повеќе од 100 граѓански организации, сојузи и фондации и мрежи на граѓански организации го поддржаа овој закон и побараа негово итно донесување:
Мрежа за заштита од дискриминација
Платформа за родова еднаквост
Мрежа 23
Мрежа за застапување на правата на Ромите
Македонска платформа против сиромаштија
Платформа за одржливост на програмите за превенција, грижа и поддршка за ХИВ
1.Коалиција МАРГИНИ
2.ХЕРА- Асоцијација за здравствена едукација и истражување
3.Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ
4.ХОПС- Опции за здрав живот Скопје
5.Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија
6.ЛГБТИ Центар за поддршка
7.Македонско здружение на млади правници
8.Сонце- Асоцијација за демократски развој на Ромите
9.Фондација Отворено општество – Македонија
10.Институт за европска политика – Скопје
11.Институт за човекови права
12.Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ- „Заедно посилни“
13.Здружение за критички пристап кон родот и сексуалноста „Субверзивен фронт“
14.ЕГАЛ – Еднаквост за геј и лезбејки
15.ЦИВИЛ – Центар за слобода
16.Европски центар за права на Ромите
17.СТАР-СТАР – Здружение за поддршка на маргинализирани работници
18.Транспаренси интернешнл Македонија
19.Ромски Ресурсен Центар
20.Ромска Асоцијација за жени и млади Лулуди
21.Дивес- Виница
22.Нево Џивдипе- Виница
23.Месечина- Дебар
24.Мултиетничко општество за човекови права- Штип
25.Организација на ромска младина Бела Кула- Кичево
26.Здружение за перспективна интеграција и развој Рома Перспектив- Прилеп
27.ДРОМ- Куманово
28.Здружение на Роми Авена- Кочани
29.Национален демократски Институт
30.Иницијатива на жени од Шуто Оризари
31.НВО Светла Иднина- Кочани
32.Здружение Центар за образовна поддршка „Дендо вас“ – Скопје
33.Здружение за развивање на општествени дејности Кхам Сијан – Скопје
34.Институт за истражување и анализа на Политики „Ромалитико“
35.НВО „Преродба“ – Кичево
36.Здружение за правата на Ромите – Штип
37.Здружение на правници Роми – Скопје
38.Здружение за едукација и советување „Д-р Берат” – Скопје
39.Центар за развој на ромската заедница „Баирска светлина” – Битола
40.Здружение МИР Скопје
41.Ромска организација на жените од Македонија „ДАЈА“ – Куманово
42.Ромски младински центар – Куманово
43.Здружение на граѓани „Ромаверзитас“
44.Сумнал – Здружение за развој на ромската заедница
45.Здружение „Терно Bас” – Берово
46.Регионална ромска образовна младинска асоцијација – Кратово
47.Здружение на граѓани „Подготви свој пат” – Кочани
48.Асоцијацијата за развојни иницијативи ЗЕНИТ – Скопје
49.Порака – Републички центар за поддршка на луѓето со ментална попреченост
50.Полио Плус – движење против хендикеп
51.Здружение на студенти и младинци со хендикеп- Скопје
52.Здужение „СОЛЕМ“
53.Здружение „Нова искра“ Скопје
54.Бори се женски
55.Нацинален совет за родова рамноправност НСРР-СОЖМ
56.Здружение на граѓани за промоција на женската активност Тиииит! Инк. – Скопје
57.Здружение за унапредување на меѓусебна доверба ТАКТ
58.Здружение Женски Форум – Тетово
59.Здружението за унапредување на родовата еднаквост „Акција Здруженска“
60.Реактор – Истражување во акција
61.Здружение „Доверба“
62.Црвен крст на РМ
63.Здружение „Опција“ – Охрид
64.„Зона“ – Кавадарци
65.Центар за унапредување на јавен живот – Тетово
66.ХЕЛП – Гостивар
67.Младински клуб – Штип
68.„Избор“ – Струмица
69.ПУЛС – Куманово
70.Интер етник проект – Гостивар
71.„Виа Вита“ – Битола
72.Хуманитарно здружение „Мајка“ – Куманово
73.Организација на жени на Град Скопје
74.Здружение на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија
75.Младински образовен форум- МОФ
76.Коалиција сите за правично судење
77.КХАМ Делчево
78.„Мултикултура“
79.Совет за превентива против малолетничка деликвенција – СППМД
80.Здружение на просветни работници и заштита на правата на жените и децата „ЛИЛ“-Скопје
81.Здружение за развој и унапредување на ромската заедница „РОМАНО ЧАЧИПЕ“
82.Центар за социјални иницијативи „Надеж“
83.„Сочувај Лекувај“- Здружение на пациенти со заболувања на црн дроб (СЛАП)
84.Младински културен центар – Битола
85.Здружение за третман на лицата со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“
86.Иницијатива за развој и инклузија на заедниците – „ИРИЗ“
87.Здружение Хуманост
88.Женска граѓанска иницијатива АНТИКО
89.Јустиција
90.Станица П.Е.Т
91.Центар за интеграција и поддршка SIEC Macedonia
92.Здружение Млади Европски Федералисти – Македонија (ЏЕФ Македонија)
93.Национална федерација на фармери
94.Здружение Национален ромски центар Куманово
95.Здружение за поддршка на лица со ментални болести и останати маргинализиарани групи во Република Македонија
96.Асоцијација Мисла – Скопје
97.Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство
98.Здружението за едукативен развој Еквалис
99.Националниот младински совет на Македонија
100.Рурална Коалиција